Македонија
Малкумина беа како тебе, посебни луѓе, што би се жртвувале секогаш за секого: Џамбазов се прости од Андреј од ДНК
„Не можам ниту да говорам ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“, стои во дел од објавата на Игор Џамбазов за својот колега и пријател Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Пријателе…
Немам зборови.
Не можам ниту да говорам ниту да пишувам.
Уште помалку да пеам.
Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.
Андрејчук, малкумина има како тебе.
Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш за секого и во секоја ситуација.
И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку.
Сонувај спокојно“, напиша Џамбазов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

