Црна хроника
Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против П.П.Г.(30) од село Стојаково, општина Богданци, П.Р.(39) од Валандово и В.Ќ.(31) од село Стојаково поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
На 18.03.2025 околу 18.00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија во близина на пријавените П.П.Г. и П.Р. пронашле торба во која имало две ќеси со марихуана со вкупна тежина од 2 килограми и 876 грама, како и пакување со бела грутчеста материја. Подоцна, по преземени мерки, во атар на Богданци била пронајдена и марихуана со маса од 478 грама, која, исто така, П.П.Г. ја подготвил за продажба. На 19.03.2025 во 03.30 часот од слобода бил лишен и пријавениот В.Ќ., кој посредувал при продажба и транспорт на дрогата, а било пронајдено и возилото со кое се превезувале лицата и во кое била транспортирана марихуаната.
Врз основа на судски наредби биле извршени претреси во домови и други простории кои ги користат пријавените, од кои три во село Стојаково, два во Гевгелија и еден во Валандово. При претресите биле пронајдени и пакување со грутчеста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

