Контакт

Топ

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Објавено пред

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост.

dobivaj vesti na viber

Лишени се од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

– Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ, соопшти МВР.

Топ

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен

Објавено пред

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.

dobivaj vesti na viber

Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапк, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа

Објавено пред

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за привремена забрана им се изречени на 10 фирми – кафулиња и клубови, истакна портпаролката на Владата, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

Утврдено е дека 15 угостителски објекти од вкупно 23 коишто имаат активна лиценца не ги исполнуваат минимално технички услови. Кај нив ќе бидат изречени две мерки, прво решение за забрана за вршење на дејност, и второ предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата.

Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а утврдено е дека во изминатиот период работеле, издадени се решенија за забрана за вршење на дејност.

Во однос на идните чекори, во координација со МВР, Државниот пазарен инспекторат почнува со инспекциски надзори во објектите за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови.

„За жал бројките зборуваат сами за себе, но ја потврдуваат потребата од решително и одговорно дејствување. Посветени сме на транспарентност и секоја неправилност да се санкционира. Наша цел е да создадеме систем кој ќе им служи на граѓаните“, рече Митева.

Инспекциите се случуваат по пожарот во дискотеката во Кочани во којшто загинаа 59 лица, а која имала фалсификувана лиценца.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја во целата држава, општините да ги откажат планираните настани

Објавено пред

Управниот одбор на Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат или да најдат соодветна замена за планираните јавни настани. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода вели дека еден од прифатливите предлози за замена на планираните јавни настани е садење дрвја во чест на загинатите во пожарот во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Донесовме заклучок како ЗЕЛС сите оние јавни настани што биле планирани од страна на локалната самоуправа во наредниот период, нашата препорака е до градоначалниците, до директорите на училиштата и до директорите на јавните установи, да бидат откажани или да се најде соодветна замена за начин на нивна интерпретација. Еден од предлозите беше во чест на жртвите, за жал, на оние млади лица што ги изгубија своите животи, да бидат засадени дрвја во наредниот период целата држава. На тој начин да оддадеме почит кон нив“, рече Ѓорѓиевски.

Тој денес извести дека во вонредните надзори во училиштата, градинките и сите јавни објекти во кои се собираат деца и млади во земјата, иницирани по пожарот во Кочани, е утврдено дека тие се безбедни. Во следниот период најави вонредни инспекции во сите станбени згради.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на...

Македонија2 часа

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја во целата држава, општините да ги откажат планираните настани

Управниот одбор на Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат...

Македонија4 часа

За разлика од порано кога виновен беше кабелот, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се...

Македонија6 часа

Мицкоски: Ги разбирам граѓаните што сакаат да го изразат револот на протест, но немам оправдување за политичките глодачи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има разбирање за оние што решиле преку демократската алатка, како што е протестот, да го изразат...

Македонија6 часа

Се собираат писмени изјави за да може да се достават парите од Црвениот крст за настраданите во пожарот, засега донирани 54 милиони денари

Над 54 милиони денари засега се собрани на сметката на Црвениот крст за настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија6 часа

Тим пластични хирурзи се селат во Кочани, Таравари очекува за две недели половина од пациентите да се вратат дома

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, во денешната изјава за медиумите информира дека вкупно 16 пациенти, кои се лекуваат во...

Македонија7 часа

Таравари: Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, останувам министер и на 1, и на 2, и на 5 април

Министерот за здравство Арбен Таравари ги демантира шпекулациите дека ќе си даде оставка на 2 април, кои викендов се раширија...

Македонија7 часа

Во скопската населба Маџари диво работел магацин за храна: АХВ и МВР спречија пуштање во промет повеќе од 40 тони небезбедни сувомесни производи

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за...

Македонија9 часа

ДУИ: Тоа не беше обичен локал, туку неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис-елита на Кочани, сите сѐ гледале, но цела година никој ништо не видел

„Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи...

Македонија9 часа

ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг-измама, која се одвива преку лажната веб-страница fzom.net

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг-измама, која се одвива преку лажна веб-страница со...

Топ9 часа

Скопјанец украл 10 илјади евра од менувачница, го искористил моментот кога вработениот кратко излегол

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело...

Европа11 часа

(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град,...

Европа11 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме четири руски хеликоптери“

Украинските сили за специјални операции известија дека, во координација со одбранбеното разузнавање, ракетните сили и артилериските единици, уништиле два хеликоптери...

Европа12 часа

Медицински техничар уби девет пациенти во Германија, почнува судењето

Денес почнува судењето на медицинскиот техничар кој предозирал до смрт девет пациенти во одделението за палијативна нега во Германија. Властите...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Средбата со САД беше конструктивна, напредуваме по клучните прашања

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и се фокусирани...

Македонија23 часа

Подготвен е протокол по кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата,...

Македонија1 ден

Таравари: Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа...

Македонија1 ден

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија1 ден

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...