Македонија
Македонскиот Економски Самит отвори нови видици за напредок и развој на бизнис секторот
По осум интерактивни, инспиративни и информативни панел дискусии, во петокот заврши Македонскиот Економски Самит.
Скопје се покажа како одличен домаќин на голем број врвни експерти што ги поттикнаа присутните професионалци да размислуваат во поглед на новите можности, сметаат организаторите на настанот.
Учесниците сметаат дека во Македонија е потребно знаењето да кружи и да стигне до што поголем број луѓе, независно дали станува збор за јавната администрација, приватниот и академскиот сектор.
Поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури и програмскиот Директор на Пацифик Институт Џим Дан, покажаа дека е возможно да се оствари конструктивна трансформација на компании, поединци, но и на цели земји. Од оваа појдовна точка дискусијата продолжи кон мобилната технологија, менаџментот, подобрување на компетитивноста на земјата и преземање стратешки цели во развојот. Впечатлив момент на настанот беше енергичниот говор на Томи Т. Ахонен кој ги спореди трендовите во мобилната технологија што се развиваат сега и посочи на трендот што ќе привлече најмногу внимание и најмногу инвестициски капитал.
„На самитот присуствуваа повеќе од 250 претставници на домашни и странски компании. Голем дел од нив фаќаа прибелешки од говорите на експертите. Тоа ни покажува дека луѓето се заинтересирани да ги преземат работите во свои раце, да не оставаат сè на веројатностите и секако, да започнат нешто ново во Македонија што ќе биде конкурентно како извозен елемент“, изјави ко-основачот на Македонија2025, Мајк Зафировски.
„Добро е тоа што имаше и конструктивна забелешки за нештата што мораат да се променат во Македонија и добро е што за тоа зборуваме“, додаде Зафировски.
Професорот Хери Крејмер од Школото за менаџмент Келог, кој е поранешен извршен директор и ментор на сегашни извршни директори, зборуваше за тоа како да се биде лидер во вистинска смисла за зборот, односно за лидерство базирано на вистински вредности.
Организаторот истакна дека на самитот професионалната дијаспора покажа голем интерес да придонесе во трансформативниот процес на Македонија. Македонија2025 се заблагодарува на сите иновативни и проактивни професионалци кои беа дел од настанот и продолжува да се фокусира на извршување на својата мисија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“ за ископ на јаглен
АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“ за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“.
Станува збор за привремено ангажирање економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик за истиот предмет на набавка за кој постапката за избор на изведувач е сè уште во тек.
„Изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки испратена до АД ЕСМ на 17 декември 2024 година преку постапка со преговарање во случај на крајна итност во согласност со член 55, став 1 од Законот за јавните набавки. Итноста се должи на потребата од обезбедување доволни количини јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните ‘Битола’ во согласност со планот за производство“, велат од ЕСМ.
За време на постапката, комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ испратила покани до пет компании, кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК ‘Битола’. Најниска цена за услугите понудила фирмата „Топлина“. Според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за речиси 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец РЕК „Битола“ еднострано ја раскина соработката поради непочитување на одредбите од договорот.
АД ЕСМ ги потврдува своите заложби дека секој актуелен или иден економски оператор што ќе биде ангажиран во рудниците на РЕК „Битола“ ќе биде задолжен да работи исклучиво во согласност со постојниот рударски проект.
Економија
Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства
Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 1 април, со исплатата на мартовската пензија. Првиот дел, од 2.500 денари, веќе беше исплатен во октомври. Власта истакнува дека за овие средства се обезбедени доволни ресурси во Буџетот и дека не очекуваат никакви проблеми со пензискиот фонд, додавајќи дека стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) е загарантирана. Се очекува ПИОМ да биде стабилен во наредните шест до седум години, додека не започнат исплатите од Вториот пензиски фонд.
За 2025 година, во Буџетот се предвидени 105,5 милијарди денари за исплата на пензиите, што вклучува средства за најавеното зголемување од 2.500 денари. Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, изјави дека ќе се продолжи со краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетскиот дефицит. Тој очекува пораст на приходите од придонеси, додека стапката на пензиско осигурување ќе остане на 18,8 проценти.
Меѓутоа, експертите предупредуваат дека целосното исполнување на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите ќе создаде дополнителен притисок врз буџетот, со дополнителен трошок од околу 200 милиони евра годишно. Според нив, ваквите ад-хок решенија треба да се избегнуваат, бидејќи постојат системски прилагодувања на пензиите два пати годишно, кои, иако оправдани поради зголемената инфлација, можат да предизвикаат фискални потешкотии.
Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија го поздрави зголемувањето на пензиите, нагласувајќи дека секое зголемување е добредојдено за пензионерите, но истовремено истакнаа важноста од очувување на фискалната стабилност на ПИОМ за да се обезбеди редовна исплата на пензиите.
Зголемување на старосната граница за пензионирање: предлогот на Фискалниот совет
Од Фискалниот совет на Македонија дојде предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и жени, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на ПИОМ. Во нивното мислење, предложено е ова зголемување да влезе во сила од 2026 година, истовремено зголемувајќи ја стапката на пензиско осигурување за 0,7 проценти, односно на 19,5 проценти.
Премиерот Христијан Мицкоски категорично одби вакви мерки во новогодишното интервју, истакнувајќи дека неговата влада нема да ја зголемува старосната граница ниту ќе ги зголемува придонесите за пензиско осигурување. Тој нагласи дека приоритет ќе биде борбата против сивата економија и намалување на даночната евазија за да се соберат повеќе средства во Буџетот.
Синдикатите и експертите против зголемувањето на старосната граница
Од Сојузот на синдикати на Македонија изразија противење на предлогот за зголемување на старосната граница. Според нив, пензиските реформи треба да се прават врз основа на сеопфатни анализи, а не со избрзани одлуки. Наместо продолжување на старосната граница, предлагаат воведување на повеќе услови за пензионирање, како што се пензионирање по навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години за жени, воведување бенефициран стаж за работници кои работат во тешки услови и други мерки.
Експертите, пак, предупредуваат дека зголемувањето на старосната граница нема брзо да реши проблемите со пензискиот фонд и дека резултатите од таквото решение ќе се видат по неколку години. Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ смета дека укинувањето на даночните ослободувања и зголемувањето на стапката на придонесите за пензиско осигурување ќе имаат поголем ефект врз стабилноста на ПИОМ.
Европски трендови: зголемување на старосната граница за пензионирање
Во некои европски земји, како што се Белгија и Германија, веќе се спроведуваат слични мерки за зголемување на старосната граница, со цел да се адаптираат на демографските промени и да се обезбеди финансиска стабилност на пензиските фондови. Ваквите промени, според експертите, ќе бидат неопходни и во Македонија во иднина, но не пред сè, бидејќи животниот век е значително понизок отколку во западноевропските земји.
Овој тековен предизвик во Македонија ги поставува важните прашања за долгорочната одржливост на пензискиот систем и потребата од реформи кои ќе ги земат во предвид сите аспекти на економијата и општеството.
Економија
Обединетите нации: Цените на храната паднаа во декември, шеќерот најмногу
Цените на храната благо паднаа во декември 2024 година, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житните култури, објави денеска Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
Индексот на цените на ФАО за кошничката со основните прехранбени производи во просек изнесуваше 127,0 поени во декември, што е за 0,5 отсто помалку од ноември, пресмета ФАО. Сепак, во споредба со декември 2023 година, цените на храната се повисоки за 6,7 отсто.
Во текот на 2024 година кошничкта со основните прехранбени производи беше поевтина за 2,1 отсто, при што значително пониските цени на житните култури и на шеќерот го надминаа поскапувањето на растителните масла, млекото и млечните производи и месото. Цените на шеќерот паднаа најмногу во декември, 5,1 отсто во однос на ноември, благодарение на подобрените прогнози за жетвата на водечките производители. Во однос на декември претходната година неговите цени се пониски 10,6 отсто.
Млекото и млечните производи во декември поевтини од ноември, а поскапи од лани на глобално ниво
Забележливо падна и цената на млекото и млечните производи во последниот месец од минатата година, 0,7 отсто во однос на ноември. Нивните цени се намалија првпат од април под притисок на пониските цени на путерот поради намалената побарувачка и акумулираните резерви. Во однос на декември минатата година, цените на млекото и млечните производи се повисоки 17 отсто, а во текот на 2024 година се зголемени во просек 4,7 отсто.
Цените на житото се задржаа на нивото од претходниот месец во декември. Во однос на декември 2023 година тие се за 9,3 отсто пониски. Извозните цени на пченицата беа стабилни во декември како одраз на рамнотежата помеѓу намалената побарувачка и подобрената понуда во Аргентина и Австралија и лошите услови за културите на пченицата во Русија.
Цените на месото не се зголемија многу
Цените на пченката благо пораснаа благодарение на благо подобрениот извоз во САД во услови на намалена понуда и силна побарувачка за украинскиот извоз. Во текот на минатата година цените на житните култури беа во просек за 13,3 отсто пониски од 2023 година. Тие се намалија втора година по ред по рекордното ниво во 2022 година, забележува ФАО.
Растителните масла поевтинија за 0,5 отсто во декември во однос на ноември. Во споредба со крајот на 2023 година поскапеле 33,5 отсто. Во текот на целата 2024 година нивните цени беа во просек за 9,4 отсто повисоки од 2023 година поради намалената понуда, според ФАО. Месото беше исклучок на крајот на минатата година со месечен раст на цената од скромни 0,4 отсто. На годишно ниво неговите цени се зголемени 7,1 отсто.