Свет
(Видео) Маск го нарече советникот на Трамп идиот

Елон Маск му возврати жестоко на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го идиот.
Зборувајќи за CNBC, Наваро рече дека Маск „не е производител, туку само составувач на автомобили“ кога станува збор за царините и трговијата.
„Маск сака евтини странски делови, а ние сакаме да ги произведуваме дома“, рече Наваро.
Овие коментари очигледно предизвикаа бурна реакција кај шефот на Tesla, кој возврати со навреда на социјалната мрежа X.
Navarro is truly a moron. What he says here is demonstrably false.
— Elon Musk (@elonmusk) April 8, 2025
„Наваро е навистина морон. Она што тој го кажува овде е бесрамна лага“, напиша Маск.
Претходно Вашингтон пост објави дека Маск лично побарал од Трамп да ги повлече царините, повикувајќи се на два неименувани извори.
Медиумот потсетува дека Маск вчера сподели видео на Х во кое ја поддржува слободната трговија – што се толкува како јасна критика на политиката на воведување на царини на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Добиваат погрешни резултати од крвни анализи – пациенти и лекари во Британија очајни

Илјадници пациенти во Велика Британија би можеле да се соочат со погрешни дијагнози поради неточни и погрешни резултати од тестовите на крвта, покажа алармантно истражување на „Би-би-си“.
„Синовис“, лабораторијата за крвни анализи за шест болници во Лондон, не успева да обезбеди точни резултати „на дневна основа“, велат лекарите.
Десетици мејлови испратени од фирмата, која заработува две и пол милијарди евра, покажуваат дека таа постојано им се извинувала на општите лекари од 2021 година за неточни резултати од тестовите поврзани со болести, вклучително и дијабетес и маларија.
Лекарите тврдат дека тоа сега е нивна „секојдневна грижа“, а проблемот е „ништо помалку од национален скандал“, објави Дејли Меил.
„Синовис“ денеска се извини за „неволјата, непријатностите и вознемиреноста“ што ги предизвика, но тврди дека неточните тестови претставуваат само дел од десетици илјади што ги обработува секој ден.
Повеќе од десетина општи лекари кои зборуваа анонимно од професионални причини рекоа дека повеќе не можат да и веруваат на компанијата.
Еден општ лекар додаде: „Никогаш немаше да ни падне на памет дека тестот на крвта може да не е сигурен. Ова сега е секојдневна грижа“.
Свет
Полска ќе забрани фотографирање на 25.000 локации

Полска ќе забрани фотографирање на илјадници локации, вклучително и пристаништа, железници, мостови и владини канцеларии, според новите закони за национална одбрана чија цел е да се спречи шпионажа, јавува полската ТВП.
Новите прописи, кои стапуваат на сила на 17 април, ќе го направат нелегално фотографирањето на приближно 25.000 локации низ целата земја, при што само 3% од тие локации се сметаат за воени објекти, остатокот е цивилна инфраструктура.
Законот е одговор на зголемените грижи за националната безбедност во Полска и Европа, по бројните напади во ЕУ поврзани со Русија и нејзините посредници од почетокот на руската инвазија на Украина.
Прекршувањето на забраната може да резултира со парични казни, апсење или конфискација на опремата.
Но, критичарите велат дека правилата се нејасни и би можеле да влијаат на обичните луѓе, а не на вистинските шпиони.
Регион
Осумгодишно момче падна од зграда во Сомбор

Осумгодишно момче паднало од четвртиот кат на зграда во Сомбор по што со тешки повреди било пренесено во болницата во Нови Сад.
Според информациите на регионалните медиуми, момчето родено 2017 година паднало од терасата на станот на четвртиот кат, најверојатно поради навалување, но ова, според написите, не е официјално потврдено.
„Детето паднало на лимениот покрив од зградата, кој се наоѓа на приземјето од зградата“, изјавил извор од истрагата.
Момчето, на кое му биле дијагностицирани тешки, животозагрозувачки повреди, по несреќата, веднаш било пренесено во здравствениот центар во Нови Сад.
Момчето е во многу сериозна општа состојба, пренесува „Блиц“. Сместено е на Институтот за здравствена заштита за деца и млади на Војводина, на одделот за интензивна нега на Детската хирургија.