Свет
САД го претставија „франкенџет“, нов борбен авион: „Ова е прв ваков случај во историјата“
Воздухопловните сили на САД го претставија новиот борбен авион од необично потекло, F-35, склопен од делови на два авиона уништени во несреќи. Го нарекуваат „франкенџет“ и сега и официјално е подготвен за мисии.
„Франкенџет“ е целосно оперативен и подготвен за борбени мисии“, објави Заедничката оперативна канцеларија на Ф-35 (ЈПО) во последниот извештај. Овој необичен проект почна во 2014 година кога F-35A претрпе тежок дефект на моторот додека се подготвуваше за тренинг-лет од воздухопловната база Еглин на Флорида.
Авионот, познат како „АФ-27“, претрпел сериозно оштетување на задниот дел. Истрагата покажа дека делови од роторот на моторот се распрснале во куќиштето на вентилаторот, навлегле во резервоарот за гориво и во хидрауличните линии и излегле преку горниот труп на авионот предизвикувајќи пожар, кој зафатил две третини од авионот. Години подоцна, во јуни 2020 година, друг F-35A, овој пат означен како AF-211, беше сериозно оштетен за време на слетувањето во воздухопловната база Хил во Јута кога му откажа предната опрема за слетување.
По два сериозно оштетени авиона, воздухопловните сили останаа со употреблив преден дел од„ АФ-27“ и заден дел од„ АФ-211“, делови од борбените авиони кои чинат по 75 милиони долари.
Наместо да ги отпишат двата авиона, експертите одлучија во 2022 година да го користат она што остана спојувајќи го предниот дел на едниот и задниот дел на другиот. Така е создаден првиот „Ф-35“, „франкенџет“, кој во флотата врати уште еден оперативен авион, со значителни финансиски заштеди. „Ова е прв ваков случај во историјата“, вели Скот Тејлор, главен машински инженер во „Локхид Мартин“. „Делови од F-35 теоретски може да се одвојат и повторно да се состават, но тоа никогаш досега не било направено.
Работата беше извршена во базата Хил, а за овој уникатен проект беа развиени целосно нови алатки, опрема и методи на склопување.
По речиси две и пол години работа, во јануари 2025 година, „франкенџет“ првпат полета слетувајќи во фабриката на „Локхид Мартин“ во Форт Ворт, Тексас, каде што беше извршено дополнително тестирање.
„Авионот беше тестиран до своите граници при првиот лет и се однесуваше како штотуку да е произведен“, рече Џефри Џенсен, главен инженер за F-35A. Кон крајот на март „франкенџет“ повторно пристигна во хилската база и беше вратен во 388. борбена ескадрила, на која ѝ припаѓаше и оригиналниот „АФ-211“.
Целиот проект за изградба на овој необичен F-35 чинел 11,7 милиони долари, а Пентагон тврди дека заштедил дури 63 милиони долари, што би била цената на целосно нов авион.
Според Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS), американското воено воздухопловство во моментот има 383 авиони „Ф-35А“. Освен во САД, F-35 станува сè попопуларен меѓу американските сојузници бидејќи дури 17 земји веќе ги имаат овие авиони или ги нарачале, според „Локхид Мартин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат дека се подметнати
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси 15.000 хектари шума, а стотици пожарникари и поддршка од воздухопловните сили се борат со пожарите. Ситуацијата е најлоша во покраината Чубут, каде што властите се сомневаат дека еден од најразорните пожари е намерно подметнат, објавува Примјер Портал.
Најголемиот пожар, кој гори речиси една недела во планинскиот регион Чубут, уништи речиси 12.000 хектари грмушеста земја и автохтони и засадени шуми. Пожарот се шири неконтролирано, преминувајќи го државниот пат број 40 и сега се заканува на фабрика, училиште и рурални имоти. Иако причините сè уште не се официјално утврдени, гувернерот на Чубут, Игнасио Торес, е убеден дека пожарот е подметнат.
„Бедниците што го започнаа пожарот ќе завршат во затвор“, рече гувернерот на прес-конференција, најавувајќи награда од 50 милиони песоси (околу 34.000 долари) за информации што ќе доведат до апсење на одговорните.
Que cena triste. 😓
Quando uma tragédia combinada com negligência e intenções perversas, é esse o resultado.Patagônia – Argentina – 10/01/2026 pic.twitter.com/nIkw0CByXr
— Bruno Brezenski (@bbbrezenski) January 11, 2026
Обвинителот Карлос Дијаз Мајер ги потврди своите сомневања. „Пожарот започнал со забрзувач или бензин (нафта), што укажува дека некој навистина сакал да го запали пожарот“, рече тој, додавајќи дека Канцеларијата на државниот обвинител истражува.
Портпаролот на аргентинската влада, Мануел Адорни, извести дека во операцијата за гаснење биле распоредени 295 пожарникари, 15 воздухопловни единици, противпожарни возила 4×4 и логистичка поддршка од вооружените сили. Чилеанскиот претседател Габриел Борик, исто така, понудил помош, предлагајќи „заедничка работа“, за што му се заблагодарил аргентинскиот министер за надворешни работи Пабло Кирно.
Интересно е што само пред еден месец, владата на претседателот Милеи, преку истиот портпарол Адорни, објави измени во Законот за земјиште и шуми што ќе им овозможат на меѓународните инвеститори да купуваат изгорено земјиште за производство.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.

