Македонија
Да се извинат Филипче и СДС што го лажеa народот дека Бугари во Уставот се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова изјава значи врел шамар за СДС, Венко Филипче и целата надворешна политика на оваа партија која се заосноваше на тезата дека уставните измени се единствениот услов кој треба да се исполни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ. Продолжувањето на преговорите со ЕУ не зависи од извештајот на ЕК, туку од уставните измени. Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени“, се зборовите со кои Бојан Маричиќ лажеше и ја убедуваше македонската јавност, дека “Бугари” во Устав се последната кнедла која треба да се проголта“, потсетуваат од партијата на власт.
Додека, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ бараше гаранции и уставни измени со одложено дејство, СДС повторно „не убедуваше дека нема опасност од ново вето од Бугарија“.
„И претседателот Христијан Мицкоски, јасно посочуваше дека смената на уставот е само почеток на барањата, СДС пак лажеше дека тоа не е точно.
СДС ја заплеткаа државата во чвор, го лажеше народот и ги распродаваше државните и национални интереси без око да му трепне.
Каде е сега Венко Филипче да ја убедува јавноста дека уставните измени се единствениот услов за напредок?
Ќе се извинат ли што ја лажеше јавноста?“, прашуваат од партијата на власт.
Според нив, СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“
ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Од партијата велат дека овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.
На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи на истата.
„За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија“, велат од партијата.
Македонија
Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали
Министерот за здравство, Азир Алиу, беше во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ и информира дека е во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок
„Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третман на пациентите.

