Спорт
Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса, Гвардиола, Јамал и најважно од сè – Светското првенство 2026
Лео Меси не дава често големи интервјуа, но кога го прави тоа, целиот свет го слуша.
Аргентинецот ужива во Мајами, далеку е од кремот на европскиот фудбал, но многумина сè уште се заинтересирани за тоа што има да каже.
Во едно интервју, тој се осврна на бројни теми – Барселона, Гвардиола, Ламин Јамал, Светското првенство.
„Мојата цел по Светското првенство во Катар беше да се вратам во Барселона. Не можев да замислам да играм во кој било друг клуб. Сакав да се вратам дома, каде што сè започна. Сепак, тоа не беше изводливо. Сите ја донесовме одлуката да дојдеме во Мајами заедно, како семејство, но беше многу полесно што го освоив Светското првенство и чувствував дека освоив сè што сакав“, рече Меси.
Кога ќе се сетеше на Барселона, не можеше, а да не зборува за Гвардиола.
„Тој е на посебно ниво, над сите други. Тој е опседнат со најмалите детали, пристапува кон играта со уникатен начин на размислување и гледа работи на теренот што повеќето луѓе не ги забележуваат. Тој направи револуција во фудбалот. Тој период го споделивме и стилот на игра во Барселона, сите клубови подоцна се обидоа да го копираат“, вели Меси.
Тој зборуваше и за талентот на Ламин Јамал, кој долго време се споредува со Меси и се очекува да го земе својот број 10 од лето.
„Она што го прави Ламин е импресивно. Тој веќе стана шампион на Европа со Шпанија, а има само 17 години. Тој сè уште расте и се развива и ќе продолжи да напредува како што јас напредував со текот на времето. Тој има неверојатни квалитети и веќе е еден од најдобрите во светот, а сè уште нема ни 18 години“, рече Меси.
Најважно е што го допре Светското првенство во 2026 година.
„Би излажал ако кажам дека не размислувам за играње на Светското првенство во 2026 година. Сè уште се чувствувам одлично, дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Оваа година ќе биде клучна, да се види дали сум способен и дали ќе одлучам да играм и на следното Светско првенство“, заклучи Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

