Црна хроника
Приведени Украинки, Србинки и Албанки во угостителски објект на патот Тетово-Гостивар

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 17-годишник во Куманово: украл мотоцикл „јамаха“

Денеска во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17-годишник од село Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Рачна бомба од германско производство од Втората светска војна пронајдена во село Дихово

Вчера во 15.15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Дихово, битолско, била пронајдена граната.
Од пиротеничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско производство од Втората светска војна.