Европа
Почина ирскиот свештеник кој стана симбол на Крвавата недела
Ирскиот свештеник кој мавташе со своето бело со крв замачкано шамиче кон британските војници кои пукаа врз цивилите на ткн „Крвава недела“ во 1972 година, почина во понеделникот на 82 години, соопшти Католичката црква.
Британските војници на 13-ти март 1972 година во северноирското гратче Дери отворија оган врз мирните католички демонстранти убивајќи 14 невооружени цивили.
Настанот во историјата остана забележан како Крвавата недела, проследен со многу неразјаснети теории, а фотографијата на свештеникот Едвард Дејли, кој со белото шамиче мавташе кон британските војници и истовремено им помагаше на ранетите, е еден од највпечатливите симболи на насилствата во Северна Ирска.
Едвард Дејли, кој подоцна ќе стане бискуп на Дери и неуморен мировен активист, починал рано утрото во понеделникот, објави Ирската бискупска конференција.
Неговото сведочење за настаните на Крвавата недела помогна јавноста да застане на страната на демонстрантите. Во тоа време британската војска го отфрли неговото сведочење како пристрасно, но во истрагата спроведена во 2010 година се покажа како точно. Заклучокот од истрагата дека цивилите се убиени без никаква причина го натера тогашниот британски премиер Дејвид Камерон да се извини.
Но Крвавата недела го измени текот на безредијата во Северна Ирска, коешто избувна кон крајот на шеесеттите години од XX, и му даде потстрек на насилството од страна на Ирската републиканска армија (IRA). Насилството во Северна Ирска беше запрено дури со мировниот договор на Велики петок во 1998 година, но дотогаш животите ги загубија 3.600 луѓе.
Бискупот Дејли се бореше за правда за невините жртви на настаните во Северна Ирска, вклучително и ткн Бирмингемска шестка, чии членови беа погрешно осудени за поставување бомби во два англиски паба. Минаа невини 16 години во затвор, пред да бидат ослободени. Случајот до денес е познат како една од најголемите злоупотреби на британскиот правосуден систем.
„Бискупот Едвард ќе остане запаметен како бестрашен градител на мирот“, изјави ирскиот надбискуп Ијмон Мартин.
Сверноирскиот вицепремиер Мартин МекГинис, кој беше активен член на IRA во периодот на Крвавата недела, изјави дека „Дејли 40 години беше во право“, бидејќи не ја штедеше ниту IRA, втората страна во судирот со Британците.
Британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир, изјави дека Дејли бил „икона на граѓанското општество која ќе остане трајно запаметена поради неуморното заговарање на мир за сите./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

