Свет
„Срамно“: синот на Трамп критикуван поради неговата реакција за дијагнозата на Бајден
Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) се бори со агресивна форма на рак на простатата.
Неговата ординација ја објави дијагнозата вчера истакнувајќи дека иако станува збор за поагресивна форма на болеста, но таа може да се контролира. Веста предизвика лавина реакции, од кои повеќето му посакаа на Бајден сè најдобро, но некои прашаа како толку агресивна форма на рак не е дијагностицирана додека тој беше претседател на САД.
Ова прашање го постави и најстариот син на претседателот Доналд Трамп, Доналд Трамп Помладиот.
Пред неговата објава се огласи и Трамп.
„Меланија и јас сме тажни поради веста за неодамнешната медицинска дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли желби на Џил и семејството и му посакуваме на Џо брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Неколку други исто така ги доведоа во прашање временската рамка и транспарентноста на дијагнозата. Трамп Помладиот напиша на „Икс“: „Сакам да знам како, како д-р Џил Бајден го пропуштила ракот во петта фаза со метастази или е тоа уште еден обид за прикривање?“
Многумина ја критикуваа неговата објава тврдејќи дека е срамна. Покрај тоа, имаше и такви што нагласија дека Џил Бајден ја има титулата затоа што има докторат по образование, а не затоа што е доктор, пренесуваат светските медиуми.
„Еден човек се бори со рак, а вашиот изопачен одговор е да ја обвините неговата сопруга за прикривање? Тоа не е само изопачено – тоа е нехумано“, гласи еден од коментарите.
И покрај ова, Трамп Помладиот напиша во друга објава на „Икс“ дека 100 % се согласува со фотографијата на која пишуваше: „Без оглед на политиката, му посакуваме брзо закрепнување!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

