Свет
Мразот се топи неповратно, се закануваат глобални миграции, покажуваат најновите студии
Дури и ако светот ја постигне навидум невозможната цел за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа, ледените покривки на Гренланд и на Антарктикот ќе продолжат незапирливо да се топат, што би можело да предизвика зголемување на нивото на морето за неколку метри и масовни миграции од крајбрежните области, покажува ново меѓународно истражување.
Научниците се обидоа да утврдат која е безбедната граница на затоплување за да преживеат големите ледени маси. Тие анализирале податоци од сателити, климатски модели, ледени јадра, седименти од длабоко море, па дури и ДНК од лигњи.
Заклучокот е загрижувачки. Дури и сегашното ниво на затоплување од 1,2 Целзиусов степен би можело да предизвика брзо повлекување на ледените маси и катастрофално зголемување на нивото на морето, според трудот објавен во списанието Communications Earth and Environment.
Ресиси 230 милиони луѓе денес живеат на надморска височина помала од 1 метар. Дури и малите промени во волуменот на мразот значително ги менуваат крајбрежјата во целиот свет предизвикувајќи раселување на стотици милиони луѓе и штета што го надминува адаптивниот капацитет.
Научниците проценуваат дека до крајот на векот нивото на морето би можело да се покачи за 1 см годишно, што значи 40 см за 100 години.
„Ова би значело масовни миграции на населението во размер без преседан во модерната историја“, рече Џонатан Бамбер, глациолог на Универзитетот во Бристол и коавтор на студијата.
Особено загрижувачки е фактот што проценетите безбедносни прагови за ледените маси постојано се намалуваат со напредокот на науката. Додека претходните модели предвидуваа дека, на пример, Гренланд би можел да се сруши на +3 Целзиусови степени, денес се проценува дека +1,5 Целзиусов степен би било доволно.
Според авторите, единствениот начин да се спречи колапсот на ледените покривки е да се ограничи затоплувањето на приближно 1 Целзиусов степен, што би барало драстично намалување на емисиите и целосен премин од фосилните горива, нешто што изгледа многу малку веројатно со оглед на сегашните глобални политики.
„Веќе гледаме како се остваруваат некои од најлошите сценарија во однос на губењето на мразот“, рече Стоукс.
„Нема многу што би ни дало надеж. Во најдобар случај, нивото на морето ќе се зголемува бавно“.
Авторите нагласуваат дека нивните наоди не значат дека климатските цели треба да се напуштат. Секоја десетина од затоплувањето значи разлика во последиците што ќе ги доживееме.
„Ограничувањето на затоплувањето на 1,5 степен сепак би било огромен успех. Треба да продолжиме да се стремиме кон тоа, но да не очекуваме дека тоа ќе го запре покачувањето на нивото на морето“, заклучува Стоукс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Европските идиоти сакаат војна, ова е она што ќе го добиете“, рече Медведев и објави снимка од руски напад со балистичка ракета
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, објави снимка од руски напад врз западна Украина, во кој беше искористен системот „орешник“, како предупредување до европските функционери кои, како што наведе, ја промовираат идејата за распоредување на НАТО и европски трупи во Украина.
„На крајот на краиштата, владејачките европски идиоти сакаат војна во Европа. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати никакви европски или НАТО трупи во Украина, но не – ‘Микрон’ (францускиот претседател Емануел Макрон) продолжува да ја шири оваа бедна глупост. Па добро, тогаш, да се соочиме со тоа. Ова е она што ќе го добиете“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс, приложувајќи снимка од надзорни камери од напад со ракетниот систем „орешник“, пренесува агенцијата РИА Новости.
The ruling European dimwits want a war in Europe after all. It’s been said a thousand times: Russia won’t accept any European or NATO troops in Ukraine, but no, Micron keeps peddling this pathetic bullshit. Well, come on then. This is what you’ll get: pic.twitter.com/6XqMMn2ILP
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 10, 2026
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во ноќта меѓу 8 и 9 јануари е изведен напад на територијата на Украина, меѓу другото и со балистичка ракета „орешник“, наведувајќи дека тоа е одговор на наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдaј кон крајот на декември.
Командата на Воздухопловството на Вооружените сили на Украина соопшти дека балистичката ракета со која на 8 јануари бил нападнат Лавов се движела со брзина од околу 13.000 километри на час.
Зеленски: Рускиот напад со „орешник“ беше демонстративно блиску до границата со ЕУ
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот ракетен напад со „орешник“ бил „демонстративно“ близу до границата меѓу Украина и Европската Унија.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека балистичката ракета со среден дострел „орешник“ претставува предизвик и за земјите членки на ЕУ, како што се Полска, Романија и Унгарија, пренесе Ројтерс.
Свет
Сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, рече главниот обвинител на Иран
Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, според иранските државни медиуми. Ова дело е казниво со смрт, пренесува Скај њуз.
Оваа одредба се однесува на „бунтовниците и терористите“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на сите оние кои им помогнале, рече Мовахеди Азад.
Обвинителството треба брзо да ги подготви судењата и да не покажува никаква „благост, сочувство или попустливост“, додаде тој.
Иранската војска соопшти дека САД и Израел стојат зад неодамнешните немири во неколку градови низ земјата, предупредувајќи ги граѓаните за, како што рече, странски заговори насочени кон дестабилизација на Иран.
Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да останат внимателни, да го зачуваат националното единство и да не подлегнуваат на, како што се наведува, „лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ“. Се вели дека „непријателот“, чии „раце се извалкани со крвта на Иранците“, се обидува да поттикне нов бунт со лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ.
Иранската полиција, пак, издаде предупредување до граѓаните со деца поради тековните протести.
– Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени лица на некои собири и нивните планови за предизвикување смртни случаи, ги советуваме семејствата да се грижат за своите деца и тинејџери. За да се заштитат животите и имотот на луѓето, во тек е бескомпромисна и решителна акција против терористите – се вели во соопштението.
Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.
Свет
(Фото+видео) Киев без струја, вода и греење по руски ракетен напад
Главниот град на Украина, Киев, се соочува со вонредни прекини на електричната енергија, поради кои се запрени системите за вода, греење и електричен сообраќај, соопшти градската администрација.
Одлуката е донесена по наредба на операторот на украинската енергетска мрежа „Укренерго“, а екипи на електроинженери работат на обновување на снабдувањето.
Minus fifteen.
This is no longer weather. This is a weapon.Russia struck thermal power plants.
Not the front line. Not the army.
Heat. Light. Survival.Kyiv is dark.
Dnipro is dark.
Odesa is dark.Minus fifteen.
People will die now without bleeding.
From cold rooms. From… pic.twitter.com/8n5PCI0byx— inna shevchenko (@femeninna) January 9, 2026
No, this is not a nuclear explosion. The rest of the world can still sleep and live in peace. This is just another night in Ukraine, the view from the window of an ordinary Kyiv resident.
You watch this through your phone screens, while we watch it from the windows of our own… pic.twitter.com/3jS0r0xsLg
— Katerina Horbunova (@blue_eyedKeti) January 9, 2026
Синоќа, најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски напади со дронови и ракети врз Киев. Вонредни исклучувања на струја се воведени во сите делови на престолнината, а слични напади се пријавени и во Одека, Криви Рог, Харков и Дњепропетровск.
Според руското Министерство за одбрана, нападите биле насочени кон енергетски објекти и складишта за гориво, како и кон инфраструктурата на украинскиот воено-индустриски комплекс. Украина ги потврдува експлозиите и прекините во снабдувањето, а последиците ги чувствуваат илјадници жители.

