Црна хроника
Влегле во домот на кавадарчанец и украле пари и ракија: кривична за две лица

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
На 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена.
Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
15-годишник претепан од маж во Карбинци

Малолентик бил претепан од 73-годишен маж во Штипско, информира полицијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.
На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Црна хроника
Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром

Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Затвореник во Штип фатен со марихуана, хашиш и хероин

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според истрагата, во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Штип, каде што ја издржувал својата затворска казна.
Подоцна при претрес во просторијата во која престојувал биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, таблети и мешавина со хероин.