Македонија
Најдобрите студенти ќе се вработат во МВР, а професорите ќе предаваат и во средното полициско училиште, рече Тошковски
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска, се обрати на одбележувањето 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Тошковски истакна дека половина век постоење на една академска институција значи многу повеќе од бројка, тоа е сведоштво за посветеност, упорност, научна страст и континуирана мисија во образованието и во формирањето генерации стручни и одговорни личности.
„Во рамките на досегашната соработка помеѓу Министерството и Институтот креиравме мост помеѓу науката и институцијата во насока на реализација на конкретни проекти, кои би биле од силно значење како за Институтот, студентите така и институциите. Веќе сме во процес за реактивација на средното полициско училиште, кое е синоним за градење професионални полициски кадри, и треба да се отвори в година и во таа насока дел од професионалниот кадар ќе биде токму од Институтот за безбедност, одбрана и мир“, потенцира Тошковски.
Образложи дека со новиот закон за внатрешните работи, кој треба да се донесе, се предвидува директно вработување на најдобрите студенти на овој Факултет во рамките Министерството за внатрешни работи. Со ваков пристап целта е да се мотивираат македонските студенти да ја гледаат својата иднина тука и максимално да придонесат со својата академска наобразба во правилно функционирање на безбедносните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

