Свет
Кремљ не очекува брз напредок во решавањето на конфликтот во Украина
Кремљ објави дека не очекува никаков брз напредок во решавањето на исклучително сложениот конфликт во Украина и дека не верува оти набргу ќе биде договорена средба меѓу украинскиот, рускиот и американскиот лидер, Володимир Зеленски, Владимир Путин и Доналд Трамп.
„Би било погрешно да се очекуваат моментни одлуки и напредок“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес, за време на дневниот брифинг за новинарите.
Тој одговори на прашања од новинарите еден ден по втората рунда директни руско-украински преговори, што се одржаа вчера во Истанбул, со посредство на Турција.
„Прашањето за решение е исклучително сложено и содржи многубројни нијанси“, додаде Песков и потсети дека Москва, пред сè, сака да ги елиминира длабоките причини за конфликтот за да постигне мир со Киев. Тој оцени дека е малку веројатно оти средба меѓу Владимир Путин, Володимир Зеленски и Доналд Трамп ќе се одржи во блиска иднина, како што наговести Турција синоќа.
„Во блиска иднина тоа изгледа малку веројатно“, изјави Песков за новинарите за време на редовната дневна прес-конференција.
Синоќа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи да се организира таков самит, што всушност веќе беше иницирано од Киев, а Белата куќа објави дека Доналд Трамп изјавил дека е подготвен да оди на таков состанок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дали конечно е блиску крајот на војната во Украина: Остануваат три клучни пречки
Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“ на својот тим, додека државниот секретар Марко Рубио ги нарече американско-украинските разговори во Женева „многу позитивни“, инсистирајќи дека преостанатите точки „не се непремостливи“.
Во исто време, по состанокот на американските и руските претставници во Абу Даби, Вашингтон објави дека „Украинците се согласиле со мировниот договор“, и покрај „некои ситни детали што треба да се решат“, пишува Си-ен-ен.
Украински извор: Луѓето на Трамп ја разубавуваат реалната слика
Но, оптимистичката слика што ја презентира администрацијата на Трамп не ја одразува целосно реалноста, изјави висок украински извор со директно познавање на разговорите.
Иако изворот потврди дека е постигнат „консензус“ за повеќето точки во мировниот предлог на САД што протече минатата недела, тој нагласи дека сè уште постојат најмалку три клучни области каде што разликите се огромни – разлики што би можеле да го загрозат целиот мировен процес.
Територијалното прашање на Донбас
Првата голема пречка е чувствителното прашање дали Украина ќе отстапи клучни територии во регионот Донбас што Русија ги анектираше, но сè уште не ги освои целосно. Ова се „појасот на тврдини“, низа силно утврдени градови клучни за безбедноста на Украина.
Според претходните предлози на САД, областа би станала демилитаризирана зона под руска контрола. Украински извор изјави за Си-ен-ен дека е постигнат „одреден напредок“ по ова прашање, но дека сè уште не е донесена конечна одлука.
„Би било многу погрешно да се каже дека сега имаме верзија што Украина ја прифатила“, додаде изворот.
Ограничување на армијата
Друго спорно прашање е предлогот на САД Украина да ја ограничи големината на својата армија на 600.000 војници. Извор во Киев потврди за CNN дека се дискутира за нов, поголем број, но дека Украина сè уште бара понатамошни промени пред да се согласи на такви ограничувања на сопствените вооружени сили.
We worked with the Ukrainian negotiating team today on the text of the document prepared with the United States in Geneva.
The principles in this document can be developed into deeper agreements.
It is in our shared interest that security is real.
I count on continued… pic.twitter.com/JtoR9eAzYH
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 25, 2025
Клучната „црвена линија“: членството во НАТО
Конечно, барањето Украина да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО останува неприфатливо за Киев. Извор изјави за CNN дека таквата отстапка би поставила „лош преседан“ и практично би ѝ дала на Русија право на вето врз одлуките на западниот воен сојуз „во кој таа дури и не е членка“.
Овие три прашања – предавање на територии, демилитаризација и трајно повлекување од членството во НАТО – се главните причини што ги наведува Кремљ за започнување на војната. Нивното решение во корист на Москва е клучниот руски услов за завршување на конфликтот.
Од друга страна, за Украина, ова се болни „црвени линии“ за кои се бореле и загинале десетици илјади нејзини војници. Формалното откажување од кој било од овие принципи е огромно барање и носи потенцијално големи политички ризици за украинското раководство предводено од претседателот Володимир Зеленски.
Затоа, како и да го прикажува тоа администрацијата на Трамп, тешко дека станува збор само за „неколку преостанати точки на несогласување“ или „мали детали што треба да се средат“, заклучува анализата на Си-ен-ен.
фото: принтскрин
Свет
Колумбискиот претседател: Трамп не размислува за демократизација на Венецуела, туку за нафта
Колумбискиот претседател Густаво Петро во интервју за „Си-Ен-Ен“ изјави дека нафтата е во сржта на притисокот кој администрацијата на Доналд Трамп го врши врз Венецуела, а не борбата против трговијата со дрога.
Тој нагласи дека Венецуела не е значаен производител на дрога и дека преку земјата минува мал дел од глобалната трговија.
„Значи, станува збор за преговори за нафта. Верувам дека тоа е логиката на претседателот Трамп. Тој не размислува за демократизација на Венецуела, а уште помалку за пазарот на дрога“, продолжил тој.
Петро ги обвини САД за империјализам и анкциите воведени од администрацијата на Трамп ги оцени како политички мотивирани. И покрај тензии меѓу двајцата лидери, американските власти истакнуваат дека односите со колумбиските институции остануваат стабилни.
Свет
(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат
Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што, според него, може да се смета за чекор напред кон решавање на конфликтот.
Во разговор со новинарите во „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека не се согласува со тврдењата дека неговиот предложен договор е поповолен за Русија и дека Москва не прави никакви отстапки.
🚨OH – MY – GOD!!!
REPORTER: What kinds of concessions are the Russians going to have to make?
TRUMP: They're making concessions; their big concession is they stop fighting and they don't take any more land.
After blaming Biden, he cruelly blabbers, "It's too bad." Wtf. pic.twitter.com/kmsS8vj1l7
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) November 26, 2025
Трамп: Руската отстапка е да престане да се бори
„Па, тие прават отстапки. Голема отстапка е да престане да се бори и да не се зазема повеќе територија“, рече Трамп кога го праша новинарка.
Белата куќа вчера изрази голем оптимизам дека е можно да се постигне договор по неколкудневните разговори во Европа и Заливот, на кои учествуваа американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот секретар на армијата Даниел Дрискол и други високи функционери.
фото: принтскрин

