Спорт
Полонара се бори со леукемија
 
																								
												
												
											Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Спорт
(Видео) Руне тренира по тешката операција
 
														Холгер Руне претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива и ќе биде надвор од терените неколку месеци. Сепак, само неколку дена по операцијата, Данецот најде начин да тренира.
Руне излезе на теренот и тренираше на стол. Ја крена оперираната нога на решетка и ги враќаше топките што доаѓаа од другата страна.
Се уште нема точен датум кога Руне ќе се врати на тренинзите и турнирите, но оваа слика покажува дека закрепнувањето оди во вистинската насока. Руне има и насмевка на лицето, што е уште еден позитивен детаљ.
Данскиот тенисер моментално се наоѓа на 12-то место на АТП листата.
Holger is already back on court (kind of) 😄 pic.twitter.com/w8ZzWrk8dr
— Bastien Fachan (@BastienFachan) October 30, 2025
Спорт
НБА ја одобри продажбата на Лејкерси
 
														Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер.
„Се очекува трансакцијата да се затвори наскоро“, се вели во соопштението на НБА.
За една од најславните франшизи во НБА, Марк Волтер ќе плати приближно 10 милијарди долари, објави „ESPN“ во јуни.
„Марк Волтер има долгогодишна врска со нашите лиги, бидејќи беше малцински сопственик на Лејкерс и главен сопственик на WNBA Спаркс повеќе од 10 години. Бидејќи Марк ја презема функцијата мнозински сопственик на Лејкерс, не се сомневам дека ќе се истакне на таа позиција“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Семејството Бас, кое држи мнозински удел од 1979 година, ќе задржи приближно 15 проценти од тимот, а Џени Бас ќе остане на својата позиција како директор на клубот најмалку пет години.
Волтер е извршен директор на „TWG Global“, холдинг компанија која поседува бројни тимови, вклучувајќи ги Лос Анџелес Доџерс (бејзбол) и Лос Анџелес Спаркс (женска НБА). Вклучени се и тенискиот турнир „Били Џин Кинг Куп“ и тимот „Кадилак“, кои ќе се натпреваруваат во Формула 1 од следната година.
Лејкерс беа основани во Минеаполис во 1947 година, а потоа пред сезоната 1960/61 се преселија во Лос Анџелес, а во 1979 година ги презеде Џери Бас. Тимот стигна до плејофот на НБА 65 пати, освојувајќи 17 титули, една помалку од Бостон Селтикс.
Спорт
Меси заработува најмногу во Америка
 
														Американската асоцијација на играчи од МЛС (MLSPA) ја објави својата годишна листа на плати, а трета година по ред, Лионел Меси, ѕвездата на Интер Мајами, е на врвот.
Аргентинскиот магионичар го држи првото место со годишна плата од 20,45 милиони долари. Оваа сума не го вклучува неговото неодамнешно продолжување на договорот.
На второто место е Сон Хјеонг Мин, ас на Лос Анџелес, кој годишно заработува 11,15 милиони, додека клупскиот колега на Меси, Серхио Бускетс, е трет со 8,78 милиони долари. Четврти е Мигел Алмирон од Атланта со 7,87 милиони долари, додека петти е Ирвинг Лозано со 7,63 милиони долари.
Кога се гледа колку клубовите трошат за плати, Интер Мајами е далеку пред сите други.
Клубот офд Флорида на плати годишно издвојува 48,97 милиони долари, што е за 18,87 милиони долари повеќе од она што го издвојува Лос Анџелес. На третото место е Аталанта со 28,5 милиони долари.
Сепак, Интер Мајами ќе ослободи значаен дел од буџетот следната сезона, речиси 15 милиони долари, поради пензионирањето на Серхио Бускетс и Џорди Алба, што отвора простор за доведување нови ѕвезди.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											