Спорт
(Видео) Бока јуниорс не успеа да ги победи аматерите од Окленд

Фудбалерите на Окленд Сити направија огромен подвиг на Светското клупско првенство. Единствениот аматерски тим на клупскиот Мундијал успеа да ремизира со аргентинскиот великан Бока Јуниорс (1:1). Овој натпревар беше последен за двете екипи на првенството, од Ц групата во осминафиналето се пласираа Бенфика и Баерн.
Многумина ги потценија Новозеланѓаните откако примија 16 гола во два натпревари против Баерн и Бенфика, но против легендарниот аргентински клуб покажаа дека не дојдоа во САД залудно.
Не започнаа добро за нив во Нешвил. Успеаја да ги држат почетните 0:0 до 23-та минута.
Лаутаро ди Лоло шутираше со глава, а голманот Жеру, со несмасна реакција, ја одби топката во сопствената мрежа.
Автоголот на голманот на претставникот на Нов Зеланд беше единствениот гол во првите 45 минути, а веднаш по почетокот на второто полувреме се случи момент за историја на фдбалот во Нов Зеланд.
Кристијан Греј, дефанзивецот на Окленд, најдобро се снајде по корнерот во 52-та минута и го постигна првиот гол за тимот во ова натпреварување, кој им го донесе и првиот бод.
Следеше уште еден прекин поради лошо време, а по враќањето, Бока успеа повторно да ја затресе мрежата преку Мерентиел, голот кој беше поништен поради претходно играње со рака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Браселона во Бразил најде нов вундеркинд

Барселона наскоро би можела да претстави ново тинејџерско чудо од дете. Според „Марка“, шпанскиот шампион е во напредна фаза на преговори со бразилскиот клуб Спорт Ресифе, во во врска со 17-годишниот дефанзивен играч од средниот ред Зе Лукас.
Оваа сезона, тој го имаше своето деби за бразилскиот клуб, собра 432 минути во осум лигашки натпревари и наскоро би можел да се пресели од Јужна Америка во Европа.
„Трансфермаркт“ го проценува на 3 милиони евра и наведува дека веќе играл на позициите централен играч од средниот ред и десно крило.
Барселона го следи веќе некое време, а нејзините скаути го следеле и на Јужноамериканското првенство до 17 години, каде што беше клучен во походот на титулата. Тој е капитен на тој тим.
Одигра вкупно 17 натпревари за првиот тим на Ресифе, висок е 188 см и, како што е наведено, добар е во контролата и додавањето на топката. Тој е под договор до летото 2028 година.
Спорт
Адам Лалана замина во пензија

Адам Лалана официјално се пензионира од фудбалот од оваа среда. На социјалните мрежи, Лалана, објави дека неговата фудбалска кариера е завршена.
37-годишниот поранешен репрезентативец на Англија ги направи своите први професионални фудбалски чекори во Саутемптон, за кој одигра најмногу натпревари и постигна најмногу голови (235, 48).
Одигра 128 натпревари за „црвените“, ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на УЕФА… Како играч на Ливерпул, беше прогласен за најдобар играч во Англија во 2016 година.
Се пресели од „Енфилд“ во Брајтон во 2020 година, а оттаму во 2024 година се врати дома, во Саутемптон, каде што се пензионираше.
Во својата кариера, Лалана одигра 569 натпревари, постигна 86 гола и забележа 73 асистенции.
Спорт
(Видео) Не се сеќава на последните шест недели по бруталниот нокаут

Јапонскиот боксер Џин Сасаки го доживеа најтешкиот нокаут во својата кариера изминатиот викенд за време на борбата за светската титула во велтер категорија на ВБО.
Во петтата рунда, Сасаки доби силен кроше во главата од својот противник, Брајан Норман Џуниор, кој веднаш го онесвести.
За време на падот, Сасаки ја удри главата во подот од рингот, што предизвика сериозни здравствени проблеми.
„Не само што не се сеќава на самата борба, туку дури и не се сеќава дека борбата била договорена. Не се сеќава на ништо што се случило во последните шест недели“, откри претседателот на клубот чии член е Сакаи Исеи Накаја во интервју за британски „Сан“.