Македонија
Без струја дел од Сопиште и дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од с.Сопиште (на главен пат околу,,Давидоф“).
. во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези-Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски: Очекувам да прогласиме уште една историска победа

„Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше.
Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“, соопшти тој.
Македонија
До 17 часот гласале 39,61 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.221 избирачки места, односно 92,72 отсто од вкупниот број, до 17 часот и 20 минути часот гласале 39,61 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран ,Зелениково, Карбинци, Конче, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка и Чучер Сандево.
Најмала излезеност има во Шуто Оризари каде гласале 30,38 отсто од гласачите, Радовиш – 31, 57, Маврово Ростуше 25, 89, Пласница 32, 87 и Врапчиште 20, 94 отсто.
Во општините во Град Скопје излезеноста до 17 и 20 часот е следна: во Аеродром гласале 39, 32 отсто, Бутел 42, 29, Гази Баба 35, 55, Ѓорче Петров 37, 73, Карпош 42, 86, Кисела Вода 39, 37, Сарај 47, 94, Центар 42, 35, Чаир 45,09, Шуто Оризари 30,38 отсто.
Од ДИК соопштија дека гласањето се одвива непречено и до нив досега нема пристигнато поплаки или неправилности со кои се соочиле избирачките одбори или гласачите на терен.
Македонија
Утре сончево време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.