Контакт

Надворешна политика

Холандија бара реформи за слободни, фер и инклузивни избори

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Холандија целосно се придружува на изјавите дадени вчера од страна на Европската унија и САД, се вели во изјавата за последните случувања во Македонија.
 

dobivaj vesti na viber

Министерството за надворешни работи на Холандија целосно се придружува на изјавите дадени вчера од страна на Европската унија и САД, се вели во изјавата за последните случувања во Македонија.

 

„Холандија, која во моментов го има претседателството со Советот на Европската унија, ги повикува сите страни сега да преземат одговорни, одлучни и инклузивни активности кои ќе ја изведат Македонија од тековната криза. Како што се споменува во писмата упатени до лидерите на политичките партии од страна на министерот Кундерс порано овој месец, клучните чекори кои треба да се преземат се: 1) спроведување на реформите кои ќе доведат до слободни, фер и инклузивни избори, и 2) овозможување на непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, особено со повлекување на аболицијата на политичарите од страна на Претседателот Иванов без натамошно одлагање“, се вели во изјавата од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Потсетуваат дека, со оглед на тековната состојба, генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроут, кој е претставник на ниво на заменик-министер, ќе ја посети Македонија на 19 и 20 мај 2016 година. За време на својата посета, Де Хроут има закажано средби со министерот за надворешни прашања Никола Попоски и со лидерите на четирите политички партии кои се потписници на Договорот од Прижно./крај/мф/бб

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет29 минути

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси во минатонеделната дебата на Си-Ен-Ен. Тој им рече на...

Македонија47 минути

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија16 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија19 часа

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија20 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија21 час

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија22 часа

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија23 часа

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...

Регион23 часа

Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

Сè уште горат три пожари, кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија2 дена

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија2 дена

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија2 дена

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија2 дена

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ2 дена

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија2 дена

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија2 дена

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...