Контакт

Дијаспора

ОМД бара да се стави крај на манипулитивна политика кон дијаспората

Објавено пред

ОМД со загриженост ги следи настаните во татковината и редовно го информира своето членство за состојбата. Целосно е несфатлива и загрижувачка атмосферата која владее кај македонските партии кои со приоритизирање на партискиот и личен интерес над националниот, неоспорливо го уништуваат интегритетот и унитарноста на македонскиот народ.

dobivaj vesti na viber

ОМД верува дека размерите на политичките игри, непочитувањето на Пржинскиот договор од страна на сите партии потписнички како и апсурдниот обид за одземање на правото на гласна граѓаните на Македонија надвор од неа, доведуваат до сериозно заладување на односите помеѓу земјата и нејзините иселеници во странство.Таквиот однос и креирана ситуација, неминовно резултираат со анемичност кај иселеникот како би се пријавил и искористил своето право на глас.Воедно, повеќепати во минатото, ОМД се огласи дека електронското гласање и основањето на Министерство за Дијаспора претставуваат начин на кој државата би покажала грижа и чуство на одговорност кон дијаспората и нејзиното уставно право на глас.

Според ОМД, апсурдноста во односот на партиите кон дијаспората кулминира со регулирањето на единствениот избирачки список и самиот избирачки процес.Додека иселеникот може електронски да се регистрира во единствениот избирачки список, на изборниот ден, тој мора да патува илјадници километри како би гласал за претставник во Собранието кој може да е дури и од друг континент.По тој основ, ОМД јавно го прашува ДИК по кој закон го признава електронското поднесување документи за регистрација и поради која причина истото не може да биде спроведено на изборниот ден.

Со верување дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот идентитет и вистински бранител на македонското битие, оневозможувањето и создавањето на технички препреки при искористување на уставно загарантираното право на глас и делување со прогресивни идеи стекнати со престој и работа во високодемократските општества, води до уништување на македонскиот идентитет, малцинства и јазик.

Таквиот тек на настани е во прилог на соседните држави, или поточно во прилог на грчкото негирање на македонското постоење, бугарското негирање на македонскиот јазик и историја, како и во прилог на српскиот однос кон МПЦ и албанизацијата во западна Македонија. Имајќи го тоа во предвид, ОМД отворено прашува кој работи за интересите на соседните земји, наместо во корист на својот добробит?

Како бастион на унитарноста и глас на македонските малцинства во соседите, македонската дијаспора не смее да биде изоставена во Сообранието и државното уредување. Политичките интриги и партиски интереси се далечни за македонските иселеници, кој што факт укажува дека ставот на дијаспората е објективен и непристрасен. Со таквиот пристап за допринос кон татковината, краткиот рок за регистрација, работни часана дипломатските и конзуларни претставништва кои во целост не соодејствуваат со достапноста на иселениците како и отежнатата изборна процедура која исклучиво предвидува физички наместо електронски начин на гласање, помеѓу дијаспората се доживува како манипулативна политика на македонските партии за нејзино дистанцирање. Според ОМД, потегот на усложнување наместо олеснување на гласачкиот процес за дијаспората претставува обид за одземање на нејзиното право на глас со што се отвара јаз помеѓу македонците кои живеат во и надвор од земјата. Но и покрај нееднаквиот третман како гласачко тело, дијаспората нема да се поколеба во намерата да ја поддржи својата татковина, туку напротив, ќе дејствува во зачувување на македонското ткиво во овие исклучително тешки времиња за нашата нација. 

Додатно, неизвесното оддржување на изборите закажани на 5ти јуни ги обврзува граѓаните на Македонија надвор од неа на повторна регистрација во случај на нивно одложување, што го намалува интересот на дијаспората за искористување на правото на глас, како што е евидентно со само 3500 регистрирани гласачи според информациите на ДИК.

Во прилог на партиските малверации, евидентираните 3500 гласачи во дијаспората се прикажани како потврда на слабиот интерес помеѓу иселениците за делување и допринос во државата од која што доаѓаат. Но од перспектива на дијаспората, понижувачкиот број од 3500 регистрирани македонски иселеници објавен во медиумите е обид за етикетирање на дијаспората како незаинтересирана за состојбата во татковината. Со таквото верување, ОМД прашува дали стотиците илјади македонци ширум светот со легитимно право на глас се само бројка за политичка и предизборна употреба? Дали постои обид за дискриминација и дистанцирање на македонските иселеници преку усложнувањето на нивното гласање? Кому смета македонската дијаспора? Кој има корист од заговорната политика кон македонската дијаспора? – прашува ОМД. 

Но и покрај се, ОМД верува дека актуелните политички партии се свесни за бројноста на македонската дијаспора која е повеќекратно поголема од  3500. Со цел да се дознае квантитативното членство на дијаспората, ОМД  воедно повикува на попис кој што долго време е занемарен од страна на политичката елита во Македонија./крај/мф/бс

 

Извор:

Дијаспора

Муцунски се сретна со македонските иселеници  во Шведска

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.

Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет8 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет15 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет15 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет15 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет15 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет16 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...