Европа
Русија објави дека е разбиена украинска диверзантска група и го предупреди Киев
Руските власти во четвртокот ги објавија имињата на двајцата, како што тврдат, украински диверзанти кои имале задача да извршат терористички напади на црноморскиот полуостров Крим, а министерството за надворешни работи ги предупреди украинските власти во Киев и „неговите странски ментори“ дека штетата која би ѝ била нанесена на Русија или загинување на руски граѓани или војници нема да остане без одговор.
Руското министерство за надворешни работи изјави дека ја уништила на Крим разузнавачката мрежа на Главната управа за разузнавање на министерството за одбрана на Украина и притоа се уапсени државјани на Украина и на Русија, кои биел соучесници во подготвување на терористички напади на црноморскиот полуостров Крим.
Во соопштението наведувајќи ги имињата на две уапсени лица, руската страна истакнува дека тие веќе ги признале обвинувањата. Руската безбедносна служба ФСБ во средата објави дека е разобличена агентура на Украина која требало да изврши серија терористички акти на стратешки инфраструктурни објекти, како и дека во операцијата загинале војник и службеник на ФСБ.
„Обидот за дестабилизирање на ситуацијата на руски Крим е осудена на неуспех Стабилноста и безбедноста на Република Крим дефинитивно ќе бидат осигурени“, соопшти руската дипломатија.
„Би сакале, исто така, да го предупредиме Киев , како и неговите странски ментори, дека штети нанесени на руската страна, загинување на руски војници, нема да останат без последици“, се истакнува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.
Москва притоа ги повикува западните партнери да влијаат врз Киев и да го предупредат на опасните чекори коишто можат да имаат негативни последици.
„Уште еднаш ги повикуваме партнерите да покажат најсериозно влијание врз киевските власти, да ти предупредат на опасните чекори кои може да ги имаат најнегативните последици“, предупредува руската дипломатија.
Притоа се истакнува дека поттикнувањето од страна на Западот на „воинствената реторика“ на украинскиот претседател имало негативно влијание врз Киев да „организира провокации“ на Крим.
Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно во средата нареди сите воени единици да се постават во близина на границите со Крим и Донбас, пренесуваат украинските медиуми. „Беше одржан состанок со претставниците на безбедносните сили и министерот за надворешни работи. Наредено е сите единици да се постават близу административните граници со Крим и Донбас“, напишал Порошенко на својот профил на Twitter. Порошенко претходно изјави дека руските обвинувањата дека „Украина влегла на Крим се циничен изговор за да засилат воените закани против Украина“.
„Порошенко постојано ја истакнува ‘безусловната поддршка од САД, НАТО и ЕУ’ во ‘борбата за враќање на анектираниот Кирм’… Поттикнувањето на таа реторика од страна на Западот несомнено имало негативна улога во злосторничката одлука на украинските власти да организираат воени провокации на руски Крим“, порачува Москва.
Руската страна предупредува и дека Порошенко со ваквите одлуки станува „гробар на мировниот процес“, доколку знаел со ваквите активности на украинското разузнавање, но дека е „уште полошо“ доколку не бил запознаен.
Според руското министерство за надворешни работи, средба во ткн „Нормандиски формат“, односно Русија, Украина, Франција и Германија, на што повика Порошенко откако нареди засилување и упатување на украинската војска кон Донбас и Крим проширена со САД, „одвај има смисла доколку Киев не се откаже од тероризмот и провокации“.
„Како што истакна рускиот претседател Владимир Путин во средата, во сегашните услови и се додека не видиме некакви реални позитивни чекори од страна на Киев, негово откажување од политиката на тероризам и провокации, нема смисла да се одржи средба во нормандискиот формат, веќе во почетокот на септември во Пекинг, што неодамна го побара Петро Порошенко“, порача Москва.
На 11-ти март 2014 година, црноморскиот полуостров Крим со мнозинско руско и русофоно население, по превратот во Киев кога на власт дојдоа прозападните сили, на референдум со излезност од над 80 отсто и со над 96 отсто гласови „за“, си ја поврати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина од поранешниот Советски сојуз и се присоедини на Руската Федерација. Украина, САД и ЕУ тоа го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

