Топ
Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник
Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба.
Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28.000 денари.
Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата, соопшти Обвинителството.
Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот. Притворот е прифатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус а не со реална работа
Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека се додека некое лице ужива азил, екстрадицијата ја одбиваат.
Состојбата внимателно се следи, истакна тој, и кога ќе се создадат услови ќе се поднесе ново барање, што впрочем е исто како за секој предмет за екстрадиција.
,,Министерството за правда нема ништо заедничко со тоа министерство што го имавте вие во вашето време кога заедно со Артан Груби, Али Ахмети договаравте кој каде ќе избега. Ова Министерство си ги бара сите бегалци, но вие говорите за политички азиланти ако доволно ве следев. Што значи, дека секојпат кога ќе бидат создадени услови, Министерството за правда повторно ќе си ги бара своите граѓани. Во меѓувреме треба да дадете одговор каде се оние другите со кои што вие договаравте бегство”, потенцира Филков.
Министерот за правда му порача на СДСМ да има сериозен пристап и да се занимава со реална работа.
,,Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Значи, да се соземете, да бидете сериозни затоа што не е добро тоа за вас ниту како опозиција ниту за државата да се занимавате со циркус а не со реална работа. Тоа граѓаните ви го кажаа и на последните избори а убеден сум дека и следниот пат кога и да бидат парламентарните избори ќе ве пратат во историјата”, рече Филков.
Македонија
По вчерашното труење со храна во „Димо Хаџи-Димов“, вонредна инспекција во кујните на девет основни училишта во Карпош
Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магацин, кој се наоѓа во основното училиште „Димо Хаџи-Димов“ во Скопје и од каде што се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна, соопшти АХВ.
„Во рамките на превентивните вонредните контроли во овие училишта, кадешто нема деца што пројавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храната и од работните површини за лабараториско тестирање.
АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамките на вчерашната вонредна инспекциска контрола, која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје“.
Македонија
Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што и оваа година од 3 % дојдовме на 3,4 % од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34 % во реализација и на капиталните и на приватните инвестиции во третиот квартал.
„Нашата цел е да дојдеме до реален раст на БДП од 4 % и повеќе во услови на ваква криза, особено во автомобилската индустрија и во услови на геостратешките политички консталации не само во Европа туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на БДП помеѓу 7,5 и 8 %, што веќе го правиме, бидејќи во првиот квартал беше 7,5 %, во вториот 7,8 %. Ова е она што претставува наша амбиција во ова време и да ги намалиме во тие услови и јавниот и државниот долг“, посочи Мицкоски.
Додаде дека ако ги гледаме 2025 година и додадената вредност, која ја креираме во економијата, и споредиме со задолжувањата, ќе видиме дека тоа е во однос 2 спрема 1 и затоа кога ќе прашаат каков е јавниот и државниот долг, одговорот е дека едниот е речиси 2,8 %, а другиот 3,5 % помал од оној што бил на крајот на 2024 година.
„Ако споредите со седум години СДСМ и ДУИ, ќе видите дека поголемо е задолжувањето отколку креираната додадена вредност во економијата. Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност, а ние во оваа година двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Оваа влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, распределува, да инвестира соодветно за граѓаните да почувствуваат дека нешто добро се случува во државата во споредба со тоа како беше по принципот ‘како до сега’. И никогаш нема да ја научат лекцијата, им ги слушам пораките, дискусиите овде и сфаќам дека не сакаат да ја научат. Си кажуваат една работа, комотно им е тука во парламентот, убаво им е на малкумина, без да водат сметка како е во државата и каква одговорност имаат што седат во овие пратенички клупи“, потенцира Мицкоски.
Нагласи дека главна цел на Владата е да ги реализира капиталните инвестиции и во таа насока посочи дека сите капитални инвестиции, кои се дел од општините и ги финансира централната влада, „а вкупниот обем на тие, ако на тоа се додадат и програмите преку министерствата, доаѓаме до бројка од половина милијарда евра, додавајќи дека дел е досега завршен, дел во фаза на реализација, овие капитални инвестиции очекувам дека од 75 до 80 % ќе бидат готови.
Очекувам да бидеме при крај со автопатот Кичево – Охрид, во завршна фаза или најдоцна до првиот квартал во 2027 година, имаме мал проблем со проектирањето на косините, кои треба да ја стабилизираат земјата за да не ни се свлече за да нема инциденти, на линија се со потпретседателот на Владата и жестоки сме со компанијата, која си игра мајтап со трпението, и мислам дека треба да престанат да си играат мајтап и да го заврши она што требаше во февруари, па се продолжи до октомври и сега пак бара рок до февруари. Жестоко работиме на реализација на коридорите 8 и 10 д, очекувам да имаме огромен напредок, очекувам завршување на реализацијата на капиталните во други сегменти и почнување нови“, изјави Мицкоски.

