Скопје
Скопјани протестираат поради загадувањето
Со транспарент еден скопјанец во недела бара чист воздух од Дедо Мраз за Нова година, на протестот, организиран од активисти од Скопје смог аларм и неколку други граѓански здруженија.
„Филтри место финти“, „Уа, дрводечачи“, „Шо, праиме со воздухов?“ се дел од пораките испишани на транспаренти во рацете на граѓаните кои пред пред општинската зграда на Град Скопје го изразија својот револт од загадениот воздух во главниот град
„Доста беше молк“, скандираат присутните. „Истече времето за статистики и анализи. Граѓаните бараат чист воздух сега“, порачаа пред присутните активисти од Скопје смог аларм кои повикаа за почитување на едно од основните човекови права загарантирани со устав – чиста животна средина.
Организаторите потсетија дека настанот е граѓанска иницијатива која се оградува од секакво политичко влијание чија цел е „пренесување на пораката дека не прифаќаме и не се помируваме да дишеме загаден, канцероген воздух како и покренување на свесноста на граѓаните за степенот на штетност на загадениот воздух“.
Протестот „Стоп за загадувањето на воздухот“ го организираат иницијативата на еко-активисти „Skopje Smog Alarm“ и граѓанска иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, поддржани од неколку иницијативи и граѓански здруженија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

