Контакт

Свет

Американската Fed ги подигна каматните стапки првпат во последната деценија

Објавено пред

Американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги зголеми во средата базичните каматни стапки, првпат во речиси последните десет години, од 0,25 до 0,5 отсто, објави Федералната комисија за операции на отворениот пазар (FOMC) по заседанието на челниците на банката во изминатите два дена.

dobivaj vesti na viber

Централната банка на САД својата клучна камата ја симна на нула кон крајот на 2008 година за да го запре падот на економијата откако крахирањето на пазарот на недвижнини го собори џиновите од Волстрит и ја полула довербата на светот во американскиот финансиски систем. Последен пад Fed ги зголеми каматните стапки во 2006 година.Комисијата која ја одредува политиката на американската централна банка ја зголеми својата клучна каматна стапка од речиси нула за четвртина процентен поен, во дијапазонот меѓу 0,25 и 0,50 отсто, ставајќи ѝ крај на долгата дебата за тоа дали американската економија е доволно силна да поднесе поголеми трошоци за позајмувањето.„Оценуваме дека дојде до значително подобрување на условите на пазарот на трудот оваа години и прилично е уверливо дека инфлацијата ќе расте во средниот период до целта од 2 отсто“, се наведува во соопштението на Fed, кое било едногласно усвоено. Од Fed јасно истакнуваат дека зголемувањето на стапката е почеток на постапното притегнување и дека во одлучувањето за своите наредни потези главно ќе биде следена инфлацијата која е под целената.„Новите економски проекции на Fed останаа главно непроменети од септември со невработеноста која се предвидува дека ќе падне на 4,7 отсто следната година, а економскиот рас на 2,4 отсто.Според челничката на Fed, Џенет Јелен, клучната каматна стапка на банкарскиот кредите е зголемена за во иднина да се има простор за маневрирање. „Сакавме да имаме еден вид тампон“ доколку банката мора „да реагира на можните негативни шокови“ во економијата, додаде.Претходната речиси нулта стапка, според Јелен, овозможувала да се одговори на „позитивниот шок“ во економијата, но не и на „негативните потреси“. Во случај на негативни потреси во економијата, цената на кредитните ресурси на централните банки вообичаено ги намалуваат. Покрај тоа, Јелен го повтори аргументот дека почетокот на постепеното зголемување на каматните стапки ќе овозможи да се избегнат сценаријата, кога тие би требало да се зголемат драстично, што би било „ризик од рецесија“.Според среднорочните прогнози на Fed, основната стапка ќе биде зголемена до 1,4 отсто во 2016 година и до 3,5 отсто во долгорочна перспектив. Притоа Јелен не исклучува дека во тој случај на „негативни потреси“ можно е враќање на пониска стапка.Според неа, во моментов се намалени ризиците за американската економија. „Иако настаните во странство продолжуваат да претставуваат ризик за економскиот раст во САД, како што можеме да оцениме се намалиле од минатото лето“, рече Јелен.„Во принцип, нашата комисија ги разгледува ризиците за економските активности и за пазарот на трудот, како избалансирани, додаде челничката на Fed.Според Јелен, членовите на одборот во просек очекуваат раст на економија за 2,1 отсто за оваа и до 2,4 отсто во следната 2016 година. Просечното ниво на невработеноста, според очекувањата треба да биде 5 отсто, блиску до целеното.Јелен рече дека натамошното зголемување на стапките ќе биде постапно. Се очекува кон крајот на 2016 година стапката да достигне 1,5 отсто, а кон крајот на 2017 година 2,5 отсто.Сепак, челничката на американската централна банка предупреди дека доколку темпото на економскиот раст забави, и зголемувањето на основните каматни стапки ќе биде постепено со истото темпо./крај/мф/сн

Извор: Reuters/Bloomberg



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Економија

Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Објавено пред

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.

dobivaj vesti na viber

Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:

Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто

Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Објавено пред

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.

dobivaj vesti na viber

Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.

„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.

Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува по канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија1 час

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет3 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет3 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија6 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа7 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет7 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет13 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија14 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија15 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ17 часа

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет20 часа

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија22 часа

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија23 часа

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија1 ден

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија1 ден

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија1 ден

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...