Македонија
Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби, велат од „Вреди“
Арбен Таравари денес е најголемиот политички срам на Албанците во Македонија. Од човек кој некогаш зборуваше за “промени“, тој се претвори во слуга на Али Ахмети и Артан Груби, станувајќи патерица на ДУИ нонграта, најкорумпираната и најомразената партија од страна на Албанците, истакнуваат од „Вреди“.
Таравари, додаваат од таму, не ја напушти власта поради принципи или поради интересот на граѓаните, туку за валкани лични зделки.
„Сомнителната инвестиција „Ѓока“ и неговите сомнителни зделки целосно го открија неговото вистинско лице: политичар подготвен да продаде сè за лична корист.
Денес, Таравари е близок соработник на криминализираната ДУИ, која две децении го држи развојот на Албанците како заложник. Служејќи им на Ахмети и Груби, тој ги предаде идеалите за кои некогаш повикуваше и сега се постави со оние што ги казнија албанските граѓани на 8 мај“.
„Вреди“ како што истакнуваат, јасно става до знаење: Албанците не заборавиле кој донесе сиромаштија, неправда и изолација. Според нив, Таравари денес е лицето на деградирана политика, која ги продаде сите каузи на Албанците за свои лични интереси.
„Нема да дозволиме неговите игри да го спасат ДУИ од политичка пропаст. Албанците избраа промени и оваа промена е незапирлива.
ВЛЕН е основана за да го искорени овој стар, скапан и продаден менталитет. Албанците се одлучија: нема да се вратат кај Тараварите кои се продадени за тендери, ниту кај Ахметите кои владееја преку страв и корупција. Затоа, денес јасно го кажуваме: Арбен Таравари е симбол на политичко предавство и вазал на ДУИ нонграта. Албанците никогаш нема да го простат ова кршење на нивната доверба. Историјата ќе го памети како човекот кој беше продаден, додека ВЛЕН како силата што ја донесе долгоочекуваната промена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

