Регион
Турција: Уапсен уште еден аѓутант на Ердоган
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/thumbs_b_c_ca4b96df3d156adf06e62c465bc83b0c.jpg)
Уште еден аѓутант на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е уапсен под сомнение дека е вмешан во неуспешниот обид за воен преврат ноќта на 15-ти јули, пренесува агенцијата Anadolu во вторникот.
Според сознанијата на агенцијата аѓутантот на шефот на турската држава за воздухопловство Еркан Киврак бил ставен во притвор во хотел во покраината Анталија. Соопштено е дека кај него биле пронајдени фалсификувани документи.
Во неделата беше објавено дека главниот воен советник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Али Јазиџи е уапсен под обвинение за вмешаност во обидот за државен преврат.
Најмалку 103 турски генерали и адмирали се притворени во рамките на истрагата за неуспешниот воен преврат. Според податоците на турските медиуми, од споменатите приведени 103 генерали и адмирали, 43 офицери се веќе уапсени со наредба на судовите. Другите се испрашувани од иследниците. Вкупно во турските вооружени сили има 359 генерали и адмирали./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.
Регион
Маж во Босна и Херцеговина ги убил сопругата и 13-годишниот син: во бегство е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/policija-bih.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.
„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.
Регион
Црногорците ги бојкотираа продавниците, го намалија нивниот промет за 30 отсто
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-072052.jpg)
Поради бојкотот на продавниците во саботата на 8 февруари, петте најголеми трговски синџири во Црна Гора забележаа пад на прометот од 30,23 отсто во однос на 1 февруари, покажуваат податоците на Даночната управа, јавува Анадолија.
Како што јави црногорската агенција МИНА, продавниците на 8 февруари оствариле промет од 2,96 милиони евра, додека на 1 февруари, кога немало бојкот, прометот изнесувал 4,24 милиони евра.
Податоците на Даночната управа покажуваат дека прометот најмногу паднал во централниот регион на земјата и тоа за 35,86 отсто.
Во северниот регион е забележан пад на прометот за 30,62 отсто, додека во јужниот регион има 21,5 отсто помалку пари во касите на супермаркетите.
За 18,15 отсто помал е бројот на издадени фактури.