Црна хроника
75-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца струмичани отишле во Грција на риболов па биле недостапни на телефон, случајот во полиција го пријавила сопругата

Вчера околу 09:00 часот во СВР Струмица 43-годишната Т.Р. од Струмица пријавила дека на 06.09.2025 нејзиниот сопруг А.Р.(40) заедно со неговиот сосед С.А.(63) отишле во Грција на спортски риболов и потоа биле недостапни на мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едно и полгодишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета.
Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.
Црна хроника
Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи: уапсени лица од кавадаречко и Крива Паланка

Вчера во 00:55 часот во Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 29-годишниот Д.В. од Крива Паланка, затоа што при увид на сообраќајна несреќа на улицата „Свети Јоаким Осоговски” во која учествувал Д.В. со патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки ознаки, било констатирано дека има 1,80 промили алкохол во крвта.
Исто така вчера, во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 65-годишниот В.А. од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот.
По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.