Спорт
Мончи се подготвува да ја напушти Астон Вила
Претседателот на фудбалските операции на Астон Вила, Мончи, се подготвува да го напушти клубот, потврдија повеќе извори блиски до клубот, објави и „Атлетик“.
Шпанецот пристигна во Бирмингем во летото 2023 година од Севиljа, по една епизода во Рома и два мандати во клубот од Андалузија. За време на неговата прва сезона на „Вила Парк“, клубот под негово водство заврши на четвртото место во Премиер лигата и освои историско место во Лигата на шампионите.
Сепак, почетокот на оваа сезона носи многу проблеми, тимот на Унаи Емери постигна само еден гол во првите пет кола, со три порази и две нерешени резултати.
Поранешниот голман на Севилја ја заврши својата кариера во 1999 година, а следната година стана спортски директор на клубот, кој во тоа време играше во Втората лига (Сегнда).
Во текот на 17 години, тој ја трансформираше Севилја во респектабилна сила во европскиот фудбал, освојувајќи осум трофеи, вклучувајќи три последователни Лиги на Европа (2014–2016).
По неуспешната авантура во Рома, тој се врати во Севилја во 2019 година и донесе уште два европски трофеи пред повторно да го напушти клубот во јуни 2023 година.
Откако пристигна во Англија, Мончи е дел од „триаголник на моќ“ заедно со Емери и директорот за фудбалски операции Дамијан Видагањи. Тројцата го предводеа метеорскиот подем на Астон Вила.
Сепак, политиката за трансфери е под лупа во последните месеци. Девет од единаесетте стартери против Сандерленд беа играчи кои веќе беа во клубот пред доаѓањето на Емери, што предизвика критики од навивачите за стагнацијата на тимот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер ќе ја брани титулата на Завршниот Мастерс
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Трета година по ред Синер ќе се бори за трофејот во Торино. Интересно е да се напомене дека Синер стана најмладиот тенисер во историјата кој играл во финалето на сите четири Гренд слем турнири и во финалето на завршниот турнир во иста сезона. На овој начин, тој ги повтори подвизиве на Ѓоковиќ и Федер, станувајќи само третиот играч на кого му успеало тоа.
Во првото полуфинале, Синер го победи Алекс де Минор со 7:5, 6:2 по еден час и 52 минути игра и со тоа го забележа својот 13-ти триумф во исто толку натпревари против тенисерот од Австралија.
Де Минор на маки го стави Синер во првиот сет, кој траеше повеќе од еден час.
Причината беше што не ги користеше брејк шансите. Ја искористи осмата и тоа во 11-от гем. Исто така во првиот сет, Синер, беше соочен со три брејк топки, сите успеа да ги спаси.
Синер освои четири гема на почетокот од вториот сет, правејќи двоен брејк со што го реши прашањето околу конечниот победник.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алијасим.
Спорт
(Фото) Жестока провокација од романските хулигани пред мечот со БиХ во Зеница
Вечерва, со почеток во 20:45 часот, во Зеница ќе се игра квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Романија. БиХ моментално е втора во групата со 13 бода, Романија има десет. Австрија е лидер со 15 бода, а сите три репрезентации треба да одиграат уште два натпревари до крајот на квалификациите.
Пред дуелот во Зеница, главна тема се романските навивачи. На пат кон Зеница тие поминаа низ Белград, се сликаа со транспарент, пред храмот Свети Сава, кој предизвика жестока реакција во Босна и Херцеговина.
На социјалните мрежи се појави фотографија со транспарентот подготвен од романските навивачи, на кој на англиски јазик беше напишана поддршка за воениот злосторник, Ратко Младиќ.
„Младиќ е европски херој, ги сведува муслиманите на нула“, пишува на транспарентот.
15.11.2025, Dinamo Bucharest🇹🇩 in Serbia🇷🇸 before Bosnia🇧🇦, click for more here: https://t.co/zZBoMT3m7T
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/49Ftz7dyYY— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 15, 2025
Спорт
(Видео) Белгија не успеа да победи во Казахстан
Фудбалерите од Казахстан и Белгија одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство.
Белгијците не го оправдаа својот статус на големи фаворити во далечната Астана, но сепак се единствените што се прашуваат за првото место и директен пласман на Светското првенство.
Тие имаат 15 бода на првата позиција, два повеќе од Македонија и пет од Велс (кој има натпревар помалку).
Белгија, во вторник има зицер, во во Лиеж ќе го пречекаат аутсајдерот Лихтенштајн и со победа ќе ја завршат работата, па дури и со бод бидејќи имаат многу подобра гол-разлика од своите ривали.
Казахстан ги шокираше гостите и поведе во деветтата минута, по одличен пробив и прецизен удар на суперталентираниот иден играч на Каират, кој веќе е продаден во Челзи, Дастан Сатпаев.
Бод за Белгија, која не е истата екипа без Куртоа, Де Брујне и Лукаку, донесе Ханс Ванакен во 48-та минута.
Репрезентацијата на Казахстан денес го заврши овој циклус, тие собраа 10 бода, што е извореден резултат за оваа репрезентација.


