Свет
(Видео) Пожар во авионска кабина поради литиумска батерија: авионот итно слетал во Шангај
Авион на „Ер Чајна“, кој летал за Сеул, направил итно слетување во Шангај во саботата кога литиумска батерија во рачниот багаж на патникот се запалила и ја исполнила кабината со чад.
Според авиокомпанијата и кинеските медиуми, пожарот избувнал на летот „CA139“, кој полетал од меѓународниот аеродром „Хангжу Сјаошан“ во 9.47 часот по локално време со 160 патници и членови на екипажот на пат кон Инчеон, Јужна Кореја.
A fire erupted in a overhead luggage bin after a lithium battery exploded in the passenger's carry -on bag. The Air China flight heading from Hangzhou, China, to Incheon, South Korea,#NewsPMC #passenger #AirChinaFlightFire #injuries #Shanghai pic.twitter.com/5gkc6RemPu
— News PMC (@newspmc_pk) October 20, 2025
„Ер Чајна“ изјави на социјалната мрежа „Веибо“ дека „литиумската батерија во рачниот багаж на патникот, сместена во надземниот дел, спонтано се запалила“. Екипажот реагирал веднаш и никој не е повреден, пишува „Њујорк пост“.
Видеата што кружат на кинеските социјални медиуми и објавени од „Ен-би-си њуз“ покажуваат силен пламен и густ чад што излегува од одделот, додека шокираните патници врескаат за помош. Две стјуардеси трчаат по ходникот со противпожарни апарати, а другите ги предупредуваат патниците да останат на своите места.
Еден патник им изјави на локалните медиуми дека слушнал силен тресок неколку моменти пред пламенот.
Авионот безбедно слета во Шангај околу 11 часот наутро, а подоцна патниците беа однесени во Сеул со резервен авион, објави компанијата. Нема повредени, а авионот не претрпел структурни оштетувања.
Локалните медиуми објавија дека запалената батерија, најверојатно, била power bank, иако брендот или производителот сè уште не се официјално потврдени.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европските компании за работа се повеќе ангажираат лица од странство
Европските компании за извршување на своите деловни активности многу често делумно или целосно ангажираат надворешни лица или партнери лоцирани во странство, се наведува истражувањето насловено „Глобални вредносни синџири“.
Во него се посочува дека во периодот од 2021 до 2024 година ваквата пракса, позната како „аутсорсинг“, ја користеле 72,8 отсто од европските претпријатија, кои пренесувале некои од своите деловни функции на субјекти во други земји од Унијата, но и надвор од неа и тоа најмногу во Индија (18,6 проценти) и во Велика Британија (17,1 отсто).
Ангажирањето „аутосорсинг“, според истражувањето, се практикувало за извршување на најразлични задачи, од ракување со операции, па до производство на стоки, кои дотогаш традиционално ги вршеле вработените во самите компании.
Ова, според истражувањето, се прави за да се намалат трошоците на компаниите, да се подобри нивната ефикасност, но и да можат да се фокусираат на други задачи и обврски.
Како главна парична за практикувањето на „аутсорсингот“, компаниите опфатени со истражувањето ги навеле намалување на трошоците за работна сила и тоа 34,1 отсто од нив, по што следува намалување на останатите производни трошоци со 27,8 проценти и фокусирањето на нивната основна дејност со 20,3 отсто.
Кога станува збор за работните процеси што се пренесуваат на субјекти во странство, во 47,4 отсто случаи тоа се административните и управувачките функции, по што следуваат информатичко-комуникациските услуги со 28,7 проценти.
Компаниите опфатени со истражувањето во периодот на кој се однесува анализата ангажирале 52.853 работници во странство, поради што биле укинати 152.023 работни места во нивните матични држави или 0,22 проценти од нивниот вкупен број.
Над една третина од изгубените работни места или 53.577 биле во производниот сектор, по што следуваат 33.818 во административно-управната сфера.
Меѓутоа, изразено во проценти, стапката на загубени работни места е највисока во областа на информатичко-комуникациските услуги и тоа 0,46 отсто, пред секторот на истражување и развој со 0,37 проценти.
Во анализата се оценува дека иако станува збор за прилично мали бројки на загубени работните места, сепак на долг рок не би требало да се занемари нивниот кумулативен ефект.
Со истражувањето биле опфатени компании од 22 земји членки на ЕУ и од Норвешка.
Свет
Москва му одговори на Макрон: Разговори – да, но со љубезни и пристојни луѓе
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Владимир Путин е подготвен за разговори, но само со „љубезни и пристојни луѓе“, одговарајќи на изјавите на францускиот претседател за потребата од дијалог со Москва.
„Нашиот претседател повеќепати истакнуваше дека секогаш е отворен за контакт, но со разбирање дека тоа ќе бидат љубезни луѓе со одредено основно ниво на пристојност“, изјави Лавров, потсетувајќи на острите изјави на Емануел Макрон, кој претходно ја нарече Русија, а лично и Путин, „единствениот злосторник“ во сегашниот конфликт.
Лавров претходно изјави и дека лидерите на Европската Унија се однесуваат непристојно, обидувајќи се да им диктираат на Кина и Индија дали треба да одржуваат контакти со Русија. Тој нагласи дека Москва го почитува правото на сите држави самостојно да ги одредуваат своите партнери, што, како што рече, е целосно во согласност со принципите на суверена еднаквост од Повелбата на Обединетите нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дошло време тој и европските лидери повторно да воспостават дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, пишува весникот „Фигаро“.
Фото: Depositphotos
Свет
Зеленски во Варшава: ЕУ донесе клучна одлука за поддршка на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Варшава истакна дека Европската Унија донела клучна одлука за финансиска помош за Украина, и покрај обидите на Русија да ја осуети.
„Русија направи сè за да ја осуети одлуката на лидерите на ЕУ за финансиските потреби на Украина, но во тоа не успеа“, изјави Зеленски.
На заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, тој нагласи дека Полска има големи заслуги за позитивната одлука на Европската Унија и дека украинскиот народ ѝ е благодарен на полската држава.
„Одлуката што ја донесоа европските лидери сега е најважна. Секако, Русија навистина сакаше да го наруши, откаже или одложи овој состанок. Европа покажа лидерство по ова прашање, што е исклучително важно, заземајќи цврст и решителен став. Ви благодарам што нè поддржувате и што продолжувате да нè поддржувате“, рече Зеленски, обраќајќи му се на Туск.
Како што истакна украинскиот лидер, Полска секогаш била на страната на Украина кога се избирало меѓу исправни и погрешни одлуки.
„Би сакал да ја искористам оваа можност да му се заблагодарам на полскиот народ за значајната поддршка што ѝ ја даде на Украина од самиот почеток на оваа војна. Сметавме на вашата помош и и понатаму сметаме на неа“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека, и покрај одредени тешкотии, особено поради историскиот контекст на билатералните односи, Украинците и Полјаците мора да се разбираат меѓусебно.
„И ние тоа го правиме и ќе се разбираме уште подобро отколку што се разбираме во денешните односи“, истакна Зеленски.
Сумирајќи ја посетата на Варшава, украинскиот претседател ги оцени како многу важни средбите со својот полски колега Карол Навроцки и со претставници на полскиот парламент. Според него, „најстрашното за Русија е тоа што двете земји стојат заедно“.
„Кога нашите земји се заедно, нема да можат да нè победат. Имаме многу добри односи и одлуки. Ставот што Полска го покажа во контекст на Украина е исклучително важен и дополнително го зајакнува нашето пријателство“, нагласи Зеленски.
По разговорите со Навроцки, Зеленски изјави дека денешната посета на Полска ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.

