Свет
Принцот Вилијам се подготвува да го преземе тронот
Лекувањето на британскиот крал Чарлс III од рак се покажа како многу покомплицирано отколку што јавноста претпоставуваше, објавува „Радар онлајн“. Како што е наведено во написите, поради влошената здравствена состојба на монархот, принцот Вилијам веќе презеде голем дел од кралските должности и сè повеќе влегува во улогата на иден владетел.
На кралот Чарлс III му беше дијагностицирана малигна болест во февруари 2024 година по што почна интензивно лекување. Иако неговата состојба се влоши во последните месеци, извори за медиумот од Бакингемската палата наведуваат дека монархот одбива целосно да се повлече.
„Тој е исцрпен, но не запира. Инсистира да ги прегледува своите црвени папки секое утро и да остане вклучен во сите владини работи. Верува дека служењето на земјата е негов повик и ќе продолжи сè додека може“, вели еден од кралските асистенти.
Вилијам презеде клучни одговорности
Како што здравјето на кралот Чарлс се влошуваше, принцот Вилијам почна сè повеќе да се вклучува во управувањето со кралските работи. Според британските медиуми, тој одигра значајна улога во одлуката да се лиши принцот Ендру од сите официјални титули поради аферата поврзана со Џефри Епштајн.
На крајот на март Чарлс III беше хоспитализиран поради несакани ефекти од терапијата, што доведе до откажување голем број официјални ангажмани и дополнително го зголеми товарот врз принцот Вилијам.
„Тие тивко го подготвуваат Вилијам за брза транзиција. Илузијата за совршено здравје се распаѓа, а јавноста сè повеќе ја гледа реалноста зад круната“, изјави извор близок до кралското семејство.
„Најтешката година во мојот живот“
Идниот монарх, кој истовремено се грижи за своето семејство и за сè поголем број службени должности, призна дека се соочува со голем притисок.
„Би рекол дека 2024 година беше најтешката година во мојот живот“, рече принцот Вилијам во разговор со актерот Јуџин Леви за списанието The Reluctant Traveler.
Британската јавност со загриженост го следи развојот на ситуацијата во Бакингемската палата, а сè повеќе аналитичари укажуваат дека Обединетото Кралство би можело да влезе во период на порано менување на тронот од очекуваното.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

