Спорт
Слот зарижен за повредите на Фримпонг и Исак
Ливерпул со убедливата победа нат Ајнтрахт во Франкфурт (5:1), стави крај на серијата од четири порази. И покрај убедливата победа, менаџерот Арне Слот нема многу причини за задоволство.
Холандскиот тренер е загрижен поради повредите на Џереми Фримпонг и Александер Исак.
„Очекувам Фримпонг да биде во авут неколку недели“, рече Слот.
Александар Исак исто така имаше болна гримаса кога го напушташе теренот. Слот истакнува дека ситуацијата не е толку сериозна, барем на прв поглед.
„Тој излезе поради непријатност во препоните. Тешко е да се најде рамнотежа кај играч кој пропуштил три месеци фудбал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ: Португалија ќе го освои Светското првенство
Новак Ѓоковиќ ја гледаше последната трка во Формула 1, во Абу Даби минатиот викенд, му честиташе на Ландо Норис за неговата прва шампионска титула, но даде и изјава што многу ќе му се допадне на неговиот пријател Кристијано Роналдо.
Имено, кога го прашаа кој ќе биде следниот светски шампион во фудбал на Светското првенство во 2026 година, Новак без размислување рече;
„Ќе бидам смел во моето предвидување: Португалија ќе го освои Светското првенство. И тоа со победа над Мексико во финалето.“
Новинарот беше изненаден кога го слушна Мексико, па го замоли Новак да потврди дали слушнал правилно
„Како што реков, ќе бидам храбар: Португалија и Мексико во финалето, а Португалија победува“, повтори Ѓоковиќ.
Foto/ freerangestock
🇷🇸 Novak Djokovic makes his World Cup prediction:
"I'm going to be blunt about it, Portugal… and they're going to beat Mexico in the final."
Thoughts? ⚽ 🇵🇹 🏆pic.twitter.com/MnetTPtaXv
— Swish 🍒 Tennis (@Zwxsh) December 8, 2025
Спорт
Руни: Да бев на местото на Слот, Салах ќе го исфрлев од тимот
Вејн Руни не се согласува дека Ливерпул го фрли Мохамед Салах „под автобусот“.
Напротив, тој верува дека е обратно.
Во нова епизода од подкастот „Шоуто на Вејн Руни“, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед жестоко го критикуваше однесувањето на исто така легендарниот фудбалер на соперничкиот клуб.
„Арне Слот мора да покаже авторитет, да го остави настрана и да каже: „Не патуваш со тимот, она што го кажа е неприфатливо. Оди на Африканскиот куп на нации и остави работите да легнат на свое место. Да бев јас менаџер, нема шанси да биде во тимот“, рече Руни, коментирајќи ги драматичните тврдења на Салах, изнесени пред камера по ремито со Лидс, дека клубот отворено работи против него.
„Црвените“ се подготвуваат мечот против Интер во Лигата на шампионите во вторник вечерта. Со или без Салах, останува да се види.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол на Хулк, голманот не ја виде топката
Бразилскиот напаѓач Хулк повторно го воодушеви фудбалскиот свет во последното коло од бразилската Серија А.
Во негов стил, со спектакуларен удар од околу 40 метри.
Низ целата своја кариера, Хулк е познат по своите спектакуларни слободни удари, а тоа го демонстрираше уште еднаш во победата на Атлетико Минеиро против Васко де Гама.
Во 32-та минута од натпреварот, беше досуден слободен удар за домашната екипа, по стартот на Уго Моура за црвен картон, а Хулк мајсторски постигна гол од 40 метри за 2:0.
Тој ја истакна својата кандидатура за најдобар гол во новата натпреварувачка година (од август 2025 до август 2026 година), чија награда го носи името на легендарниот Ференц Пушкаш.
Патем, Атлетико победи со доминантни 5:0, а покрај Хулк, во листата на стрелци се запишаа Алонсо, Дуда двапати и Виктор Луис, кој ја затресе сопствената мрежа.
Минеиро победи по пет кола без победа и се искачи на 11-то место во бразилската Серија А, што ги квалификуваше за Копа Судамерикана.
Титулата ја освои Фламенго од Рио де Жанеиро, со три бода предност пред Палмеирас.

