Спорт
(Видео) АЕК Ларнака сензационално победи кај Кристал Палас
Фудбалерите на АЕК од Ларнака го направија најголемото изненадување во Конференциската лига. Во второто коло тие го победија Кристал Палас на гостински терен со минимален резултат (0:1).
АЕК стигна до својот втор триумф во исто толку натпревари во третото по ранг натпреварување на УЕФА.
И тоа ни помалку ни повеќе туку на „Селхерст Парк“ против победникот на овогодинешниот Комјунити Шилд, актуелниот шампион на ФА Купот и во моментов еден од најдобрите тимови во Англија.
Единствениот гол на натпреварот беше виден на почетокот од второто полувреме кога домашниот дефанзивец, Жејда Канво направи голема грешка, а повремениот репрезентативец на БиХ, Раид Бајиќ, кој ја затресе мрежата на Дин Хендерсон и со тоа обезбеди за својот тим она што многу тимови не успеаја да го направат во последно време.
До неодамна „орлите“ имаа серија од 19 натпревари без пораз на официјални натпревари.
Лондонскиот тим ќе се обиде да се врати на победничкиот колосек во следната рунда против АЗ Алкмар на истото место, додека Кипраните ќе го пречекаат Абердин.
Crystal Palace 0-1 AEK LarnacaRiad Bajić 51′
byu/atbg1936 insoccer
Конференциска лига 2.коло
АЕК – Абердин 6:0 (3:0)
(Коита 11, 18, Елисон 27, Марин 55, Јовиќ 81, Кутеша 87)
АЗ Алкмар – Слован Братислава 1:0 (1:0)
(Мајнејс 44)
Хакен – Рајо Ваљекано 2:2 (1:1)
(Линдберг 41, Брусберг 55 – Гарсија 15, Рациу 90+13)
Бреидаблик – Купс 0:0
Риека – Спарта Прага 0:0 натпреварот е прекинат поради неверем
Дрита – Омонија 1:1 (1:1)
(Манај 12 – Масурас 45+1)
Шкендија – Шелбурн 1:0 (0:0)
(Беретка 90+2)
Стразбур – Јагелонија 1:1 (0:0)
(Паничели 79 – Позо 53)
Шахјор – Легија 1:2 (0:1)
(Лукас Меирељес 61 – Аугустњак 16, 90+4)
Рапид – Фиорентина 0:3 (0:1)
(Ендур 9, Џеко 48, Гудмундсон 88)
Крајова – Ноа 1:1 (1:0)
(Етим 38 – Мулахусејновиќ 73)
Мајнц – Зрињски 1:0 (1:0)
(Пареа 28)
Хамрун – Лозана 0:1 (0:1)
(Диаките 38)
Линколн – Лех 2:1 (1:0)
(Гомес 38, Рутјенс 86 – Исак 78п)
Самсун – Динамо Киев 3:0 (2:0)
(Мусаба 2, Мариус 34, Холс 62)
Шамрок – Целје 0:2 (0:2)
(Квесиќ 33, Ковачевиќ 40)
Сигма Оломуц – Раков 1:1 (0:0)
(Крал 83 – Сварнас 90)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Волејот на Доргу му пресуди на Њукасл
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 1:0 во 18-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“, победија на „Олд Трафорд“ по повеќе од два месеци, беа во серија од три натпревари без победа.
Манчестер Јунајтед беше подобриот противник во првото полувреме и ги искористи шансите што им се укажаа.
Матеус Куња имаше шанса, но беше запрен од Рамсдејл, меѓутоа, неколку десетици секунди подоцна, по одбиена топка, Доргу фати волеј и ја „искина“ мрежата.
THAT VOLLEY FROM DORGU 😮💨🔥 pic.twitter.com/QVAi1hQWvZ
— Goals ⚽ 🥅 (@goalplus) December 26, 2025
Второто полувреме му припадна на Њукасл. „Страчките“ нападнаа, а Хол имаше одлична шанса кога ја погоди пречката.
Гостите можеа да израмнат на крајот од 90-та минута, кога топката стигна до Мајли во шеснаесетникот, но тој шутираше над пречката.
Со овој триумф, Манчестер Јунајтед ја презеде петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода, додека Њукасл е 11-ти со 23.
Foto/ depositphotos
Спорт
Жестока казна за Марко, му рекол на судијата дека е „ку..ин сим“
Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0.
Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон.
Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот.
Шпанската фудбалска федерација му изрече жестока суспензија на фудбалерот на Севилја. Маркако ќе отсуствува во наредните шест натпртевари.
Во образложението стои дека по еден натпревар суспензија добил поради исклучувањето и неспортското однесување, а четири натпревари суспензија добил поради навреда упатена кон судијата.
Тој ќе ги пропушти средбите со Леванте, Селта, Елче, Атлетик Билбао, Мајорка и Џирона, и нема да му биде достапен на тренерот Матијас Алмеида до 15 февруари, кога Севилај ќе игра против Алавес.
Спорт
(Видео) Макаби среде Белград го прегази Партизан, Тајрик Џонс жестоко се расправаше со навивачите
Кошаркарите на Партизан доживеака уште еден дебакл во Евролигата. На домашен терен, загубија во 18-то коло од Макаи со 87:112.
Партизан, на овој меч повторно го собори негативниот клупски рекорд, прими најмногу поени во еден натпревар во Евролигата. Во претходното коло, црно-белите примија 109 поени.
На клупата на Партизан дебитираше Џоан Пењароа, а на теренот Камерон Пејн, кој со 15 поени беше најефикасен играч кај домашниот тим.
Навивачите, пред во текот и по натпреварот беа гласни во свирежите кон некои играчи и клупското раководство.
Во главна улога беше Тајрик Џонс, кој по завршувањето на натпреварот влезе во вербална и речиси физичка пресметка со навивачите.
Tajrik Džons se nakon meča Partizana i Makabija našao u raspravi s publikom.#kkp #kkpartizan pic.twitter.com/A9YthpP7e5
— Meridian Sport Srbija (@meridiansportrs) December 26, 2025
На Џонс не му се допаднаа свирежите, затоа беше во центарот на вниманието, покажувајќи му на некого од трибините да слезе и да се соочи со него.

