Регион
Турција ги испрати во САД документите за екстрадиција на Ѓулен
Турското министерство за правосудство испратило во САД документи за екстрадиција на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого официјална Анкара го обвинува за неуспешниот обид за воен удар од ноќта кон саботата, изјави во вторникот турскиот премиер Бинали Јилдирим кој предупреди дека во прашање е доведено пријателството меѓу двете сојузнички земји.
Пред членовите на својата Партија на правдата и развојот (AKP) премиерот Бинали Јилдирим не прецизирал дали станува збор за официјално барање за предавање на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија.
Ѓулен кој живее во САД од крајот на 1999 година и чии следбеници од движењето „Хизмет“ турските власти ги обвинуваат како за пропаднатиот пуч така и за создавање „паралелни структури“ во образованието, правосудството, полицијата и армијата, изјави во неделата изјави дека ќе ја почитува евентуалната одлука на американскиот суд да биде екстрадиран во Турција, но истовремено го обвини турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека го исценирал обидот за државен удар.
„Навистина воопшто не сум загрижен за екстрадицијата“, порача Ѓулен.
Во врска со ова американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека турските власти треба да предадат „релевантни докази“, а не само наводи против Ѓулен кој ја отфрла својата вмешаност.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, изјави дека САД не спровеле никаква истрага за тоа дали Ѓулен има каква и да е улога во неуспешниот пуч и дека, колку што знаат американските власти, мирно живее во Пенсилванија.
Јилдирим во понеделникот по седницата на владата го повтори повикот на Анкара до Вашингтон за предавање на Ѓулен велејќи дека „Турција може да го постави прашањето за нејзиното пријателство со САД“.
„Дури и прашањето на нашето пријателство може да биде поставено на дневен ред. Сепак, нашето министерство за правда ќе ги спроведен неопходните чекори“, рече Јулдирим.
Премиерот во понеделникот вечерта, исто така, рече дека нема подобар доказ од обидот за државен удар од 15-ти јули за екстрадицијата на Ѓулен, одговарајќи на барањето на Кери Анкара да достави докази.
„Има ли подобар доказ од ова? Ќе бидеме помалку разочарани доколку нашите пријатели кажат ‘покажете ни докази’, а има членови на оваа организација која сака да ја уништи државата и лице кое има дава инструкции“, рече Јилдирим. Турскиот премиер во вторникот, исто така, рече дека Анкара ќе ја почитува правната држава и владеењето на правото, како и дека нема да биде мотивирана од желбата за одмазда во прогоните на осомничените за учество во неуспешниот државен преврат.
Турските власти досега приведоа повеќе 7.500 осомничени кои ги поврзуваат со неуспешниот воен удар од 15-ти јули во кој според последните податоци се убиени 208 луѓе.
„Никој не смее да биде одмазднички настроен. Такво нешто целосно е неприфатливо во една правна држава. Денес мораме да бидеме обединети“, изјави Јилдирим по средбата со челникот на главната опозициска партија.
Истакнал дека владата во среда ќе донесе значајни одлуки чија цел ќе бидат да ја извлечат земјата од „вонредните околности“, како дека земјата мора да биде претпазлива и да настојува „да ја избегне замката во којашто може да биде вовлечена“ од некои кои би можеле да се обидат да ја искористат моменталната состојба во земјата.
Јилдирим рече дека владата ќе работи на тоа да „гарантира стопроцентна безбедност“ во земјата, но не објави детали,
Изјавите на шефот на турската влада следеа откако телевизиите емитуваа снимки а медиумите објавуваа фотографии на кои се гледа како противниците на пучот жестоко ги тепаат војниците кои се предале.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот изјави дека ќе размисли за повторното воведување на смртната казна укината во 2004 година, доколку тоа го одобри парламентот, а меѓу турските политичари има и приврзаници. Челникот на најголемата опозициска партија Националистичко движење MHP Девлет Бахчели изјави дека ќе ја поддржи владата доколку ја донесе одлуката за воведување на смртната казна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.

