Свет
Володин: Парите ги снема, украдени се
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува со сите сили да ја задржи власта, а некои европски шефови на држави го поддржуваат на штета на сопствените земји, изјави денес претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин.
„Зеленски се обидува со сите сили да остане на власт. Него го поддржуваат голем број европски шефови на држави, дури и на штета на сопствените земји“, рече Володин во интервју за телевизискиот канал „Россија-24“, пренесува ТАСС.
Според него, парите биле префрлени во Киев со надеж дека ќе бидат вратени од руски средства.
„Но, тие не успеале, а парите ги снема, беа украдени“, рече Володин.
Земјите од Европската унија и Г7 замрзнаа околу 300 милијарди евра руски средства, а учесниците на самитот на ЕУ не успеаја да се договорат за експропријација на замрзнатите руски средства што ќе се користат како „кредит за репарација“ за Украина.
„Евроклир“, група за инфраструктура на финансискиот пазар со седиште во Брисел, постојано се спротивставува на експропријацијата на руски средства, тврдејќи дека тоа би можело да доведе до тоа Русија да заплени европски или белгиски средства на други места во светот преку судски постапки, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

