Контакт

Естрада

Првиот договор на Битлси од 1962 година продаден за 365.000 фунти

Објавено пред

Првиот договор меѓу светски популарната рок група Битлси од почетокот на нивната кариера и менаџерот Брајан Епстајн од 1962 година продаден е на аукција за 365 илјади фунти.

dobivaj vesti na viber

Договорот е продаден на аукција во Лондон за неверојатна сума пари, а претставува важен сегмент во кариерата на Битлси. Имено, тоа е првиот договор што менаџерот Брајан Епстајн го  потпишал со групата која ја сочинуваа Џон Ленон, Џорџ Харисон, Пол Макартни и Ринго Стар.Договорот е потпишан неколку дена пред Битласи да го објават својот прв синг под назив „Love Me Do”. Аукцијата е одржана во аукциската куќа Сотби, а купувачот е анонимен.Брајан Епстајн беше менаџер на Битлси на почетокот на нивната кариера. Беше многу омилен, а и самите членови на групата го нарекуваа петти член.  Почина 1967 година.Стручните лица од Сотби ја истакнаа важноста на овој договор велејќи дека Битлси не би ја постигнале таа светска слава без овој договор и менаџерот Епстајн.„Требаше нешто повеќе од вдахновено музицирање и пишување песни за голем успех“, велат од Сотби.Со оглед на тоа дека Џорџ Харисон и Пол Макартни биле малолетни во времето на потпишување на договорот, место нив тоа го направиле нивните татковци. Во договорот се наведува дека членовите на Битлси се сложуваат да именуваат менаџер кој ќе ги претставува во светот на период од пет години почнувајќи од 1 октомври 1962 година./крај/к/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Објавено пред

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.

dobivaj vesti na viber

Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.

„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.

„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“

Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“

Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.

Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.

„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“

Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.

Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеси Џ. сподели емотивни фотографии од болничката соба, одмара и чека резултати

Објавено пред

Британската пејачка Џеси Џ. сподели фотографии и видеа од болницата преку својот Инстаграм профил, кои се направени во текот на последните 48 часа од нејзиното лекување.

dobivaj vesti na viber

Имено, 37-годишната ѕвезда неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, а набргу потоа го одржа својот последен настап пред лекувањето.

Сега таа одлучи да се отвори за тоа како поминала операцијата и да сподели некои од ранливите моменти. На некои фотографии и видеа, Џеси Џ. може да се види како плаче во болнички кревет додека нејзиниот сопруг Чанан ја поддржува. Таа, исто така, сподели фотографии и видеа со својот син Скај Сафир.

„Оваа објава содржи некои од искрените падови и максимуми од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам“, изјави таа на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Потоа им се заблагодари на својот лекар и на сите медицински сестри кои се грижеа за неа, како и на сите што ја посетија.

„Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, продолжи таа.

На крајот, таа уште еднаш рече дека ги прегрнува сите оние кои моментално минуваат низ тешки ситуации.

Џеси неодамна настапи на Summertime Ball, каде што им кажа на 80.000 луѓе дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата.

„Денес, овој настап е и мојот последен пред да одам да го победам ракот на дојка. Толку е посебен за мене, немате поим. Се чувствувам толку посебно што сум од Велика Британија, да бидам искрена и што можам да кажам како се чувствувам. Многу сум благодарна за овој живот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер, моите родители, семејството, бендот и екипата. Имаме толку среќа, имаме толку многу за што да живееме, толку многу радост, толку многу, толку многу да направиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија1 час

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните...

Македонија1 час

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија2 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ3 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија4 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија4 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет6 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија6 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија16 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија22 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија23 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет24 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија1 ден

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ1 ден

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....