Регион
Борбени авиони патролираат над турскиот воздушен простор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/1022221668.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им наредил на борбените авиони на военото воздухопловство да патролираат над воздушниот простор на Турција. Агенцијата ТАСС пренесува дека целта на патролните летови е да биде обезбедена целосна контрола на воздушниот простор.
Покрај тоа, властите во неделата вечерта го повикаа населението да остане мобилизарно додека во државата се спроведуваат масовни апсења во армијата и правосудството, што предизвикува загриженост кај западните земји.
Неколку илјади луѓе, претходната ноќ се собрале на плоштадот Таксим во Истанбул и на главниот плоштад во Анкара, за да му дадат поддршка на претседателот Ердоган, кој ги повикал граѓаните да излезат на улиците и покрај поразот на пучистите.
Турските власти соопштија дека уапсиле околу 6.000 војници, додека биле издадени околу 3.000 преставници на правосудството. Во неуспешниот воен пуч смртно страдале 290 луѓе, од кои 100 пучисти, а 1.440 луѓе биле ранети. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Обвинителството во БиХ: Мајката и детето, најверојатно, се убиени со задушување, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на самото место во семеен стан во Калесија, каде што во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментно е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени со задушување. Денеска, ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејства, кои по наредба на Обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Регион
Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/a4f595d9-40c9-4dd3-af1d-302770756963.jpg)
Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти Babe Rich, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е „Рич компани“ ДОО од Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.