Скопје
Граѓаните учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден

Во рамките на планирањето на Буџетот за 2016 на Општина Илинден се одржа форум на кој граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот, преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места.
Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, заблагодарувајќи им се на присутните за учеството на Форумот посебно го истакна значењето на граѓанското учество во креирањето на буџетот.
„Граѓанското учество е неопходно во креирањето на буџетот зошто граѓаните во нивните населени места најдобро знаат кои им се приоритетите во насока на подобрување на квалитет на животот. Проблеми секогаш имало, има и ќе има, но затоа ние сме тука да изнаоѓаме решенија. Решенијата некогаш се поедноставни, бараат помалку финансиски средства, но има и проекти кои што бараат повеќе средства. Затоа, целта е со подобра распределба на средствата да постигнеме поголем ефект. Тоа ќе го направиме со ваше директно учество како и досега“, истакна Стојановски.
Тој додаде дека Буџетот располага со ограничени средства, па затоа во рамките на можностите тие треба оптимално да се искористат, за што е неопходно да се дефинираат приоритетите.
Општина Илинден на овој начин уште еднаш ја искажа својата транспарентност, излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
17 години стар европски бизон угина во Зоолошката градина Скопје

Зоолошката градина Скопје извести дека утрово угинал 17 години стар европски бизон.
„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.
Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме“, велат од Зоолошката градина Скопје.