Црна хроника
Загина маж во сообраќајка кај Радовиш
Еден 33-годишен маж загина, а неговиот сопатник е тешко повреден во сообраќајната незгода што се случила во саботата пред Радовиш.
Имено како што соопшти полицијата, во саботата, околу 15.40 часот на магистралниот пат помеѓу Радовиш и Струмица, пред надвозникот за село Јаргулица-радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Форд“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.Д. (33) од Радовиш и автомобил „Фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки управуван од У.Д. (25) од Радовиш.
Во незгодата на самото место починал А.Д. а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на двете натколеници) и по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Струмица бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.