Контакт

Регион

Турција: Судири меѓу полицијата и пучистите близу истанбулскиот аеродром и базата Коња

Објавено пред

Припадниците на безбедносните сили отвориле предупредувачки оган за време на апсењето на поддржувачи на неуспешниот обид за воен преврат во близина на меѓународниот истанбулски аеродром „Сабиха Гекчен“, како и во воената воздухопловна база кај Коња.

dobivaj vesti na viber

Како што рекле неименувани извори од турските власти за агенцијата Reuters, пучистите не одговориле на огнот. Во моментов се спроведува операција за нивно апсење по наредба на турското обвинителство. Не е познат бројот на полицајците кои учествуваат во операцијата, а се претпоставува дека во аеродромскиот гарнизон има околу 60 вооружени војници.

Порталот на весникот Sabah, пак, објави дека на аеродромот „Сабиха Гекчен“ биле уапсени 11 луѓе. Полицијата дошла на аеродромот со цел да изврши претреси на неговиот воен дел, а кога стражарот ги забележал двапати пукал во воздух. Потоа двајца стражари биле уапсени, и нема настрадани. Заедно со нив полицијата уапсела уште девет лица.

Судир меѓу полицијата и припадниците на побунетата фракција во турската армија имало и во воздухопловната база Коња. „Ситуацијата е под контрола“, изјавил претставник на турските безбедносни структури.

Полицијата и припадниците на специјалните единици на министерството за внатрешни работи спроведувале операција за апсење на учесниците во неуспешниот воен преврат во воздухопловната база во покраината Коња. Според телевизијата Haber Turk, во операцијата биле употребени водени топови.

Полицијата влегла во базата за со налог за апсење на неколку осомничени за учество во обидот за превратот и неколку пилоти на ловци. Употребата на водените топови сведочи дека полицијата наишла на отпор, заклучува телевизијата и додава дека операцијата уште е во тек. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Новиот шеф на БМВ е Србин, роден во Крушевац

Објавено пред

Милан Неделковиќ на 14 мај 2026 ќе ја преземе функцијата претседател на управата на БМВ АГ, одлучи Надзорниот одбор. Тој ќе го замени Оливер Ципсе, кој повеќе од десет години е во управата и од 2019 е на нејзино чело.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Надзорниот одбор, Никола Питер, нагласи дека Неделковиќ има „јасен стратешки поглед, силна способност за реализација и изразено претприемачко размислување“, како и дека знае да ги мотивира луѓето – што го прави важен лидер во трансформацијата на БМВ.

Милан Неделковиќ, роден во Крушевац, Србија, е член на управата од 2019 како одговорен за производството. Во БМВ работи од 1993 година и имал повеќе водечки позиции во Оксфорд, Лајпциг, Минхен и во корпоративната единица за квалитет. Неговиот мандат како претседател на управата ќе трае до 2031 година.

Ципсе, кому мандатот му беше продолжен поради исклучок од старосната граница, ќе се пензионира по собранието на 13 мај 2026 по 35 години во компанијата. Питер ја истакна својата улога во водењето на фирмата низ глобални кризи.

Претседателот на главниот работнички совет, Мартин Кимих, додаде дека Неделковиќ ужива голема доверба меѓу вработените и дека ќе продолжи традицијата на партнерска соработка во компанијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Двојно убиство во Црна Гора, се бара сторителот

Објавено пред

Безживотните тела на маж и жена беа пронајдени синоќа во стан во центарот на Никшиќ, а се сомнева дека станува збор за двојно убиство. Телата беа пронајдени во стан на улицата Пека Павловиќ во центарот на Никшиќ. Се бара сторителот, пишува Телеграф.рс.

dobivaj vesti na viber

„Полициските службеници на Западниот регионален безбедносен центар, Оддел за безбедност во Никшиќ, синоќа околу 19:20 часот биле известени од член на семејството дека лицето М.П. (74) не одговара на телефонски повици и дека не воспоставиле контакт со неа два дена“, се наведува во соопштението за медиумите. Како што истакнува полицијата, веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на М.П., ​​по што полициските службеници лоцирале стан, кој бил заклучен.

„Во согласност со законските овластувања, полициските службеници влегоа во внатрешноста на станот каде што го пронајдоа безживотното тело на М.П., ​​како и безживотното тело на М.В. (41) со видливи повреди за кои постои сомневање дека се предизвикани со употреба на ладно оружје, поточно нож. Изнајмениот стан го користел М.В.“, додаде полицијата.

„За инцидентот веднаш беше информиран обвинителот на Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој заедно со полициските службеници спроведе истрага на местото на настанот. За време на полициско-обвинителските активности, полицијата дозна за идентитетот на сторителот на ова кривично дело, и се работи интензивно на негово лоцирање и апсење“, се наведува во соопштението за медиумите.

Како што додаваат, мотивот за тешкото кривично дело им е познат на властите. „Имајќи ја предвид неговата тежина, како и приватните околности на повредените лица и сторителите, во оваа фаза од постапката не можеме да дадеме повеќе детали“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Судии, обвинители и адвокати протестираа во Белград, велат дека трпат политички притисоци

Објавено пред

Судии, обвинители, адвокати, како и граѓани и студенти од цела Србија денес одржаа протест пред Уставниот суд, а потоа и пред Правниот факултет во Белград.

dobivaj vesti na viber

Се собраа поради, како што велат, притисоците што ги трпи судството, особено во последната година, како и можноста за „укинување“ на Обвинителството за организиран криминал. Тие рекоа дека „правдата е слепа, но судството не е“.

Судијата Александар Трешњев истакна дека само оние што сториле кривични дела се плашат од обвинителите кои сакаат да си ја работат работата.

Нема да кажат дека се плашат од обвинителството. Ќе речат дека има криминалци во тоа обвинителство. И не дојдовме тука да браниме некого по име и презиме. Дојдовме тука за нешто друго – да го браниме правото и обврската на обвинителот да напише обвинение кога има докази за тоа“, рече судијата Трешњев.

Милимир Лукиќ, судија во Апелациониот суд, изјави дека со најавената промена на законот, Обвинителството за организиран криминал дефинитивно ќе ја изгуби својата автономија и независност, како посебна карактеристика што овој орган мора да ја има кога дејствува за да ја извршува својата функција на законски начин.

Во моментот кога Обвинителството за организиран криминал ќе стане дел од Вишото јавно обвинителство во Белград, директна последица ќе биде губењето на неговиот институционален капацитет за работа, а на крајот тоа ќе резултира со слабеење, а потоа и исчезнување на судските органи одговорни за организираниот криминал“, рече Лукиќ.

По сите говори, беше одржан 16-минутeн молк за жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија2 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет2 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија6 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа7 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет7 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа8 часа

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија9 часа

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа9 часа

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет9 часа

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет23 часа

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија1 ден

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...

Македонија1 ден

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет1 ден

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија1 ден

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија2 дена

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....