Регион
Два „F-16“ го држеле на нишан авионот на Ердоган. Кои се заговорниците?
Во текот на кулминацијата на неуспешниот обид за воен преврат ноќта кон саботата двајца заговорници пилоти на ловци „F-16s“, го имале на нишан авионот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и засега не е познато зошто не стрелале и му овозможиле да го продолжи летот.
Во текот на кулминацијата на неуспешниот обид за воен преврат ноќта кон саботата двајца заговорници пилоти на ловци „F-16s“, го имале на нишан авионот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и засега не е познато зошто не стрелале и му овозможиле да го продолжи летот.
„Најмалку два авионот F-16s го следеле авионот на Ердоган додека беше во воздух на пат за Истанбул. Тие на радарите го нишанеле авионот и другите F-16s кои беа во негова придружба. Загатка останува зошто не пукале“, изјавил за Reuters поранешен офицер упатен во настаните.
Висок турски функционер потврдил за агенцијата дека два авиона од типот „F-16s“ го следеле авионот со претседателот Ердоган веднаш по полетувањето од аеродромот во летувалиште Мармарис.
Претходно во неделата беше известено дека обезбедувањето на турскиот претседател спречило да биде заземен хотелот во кој отседнал Ердоган во Мармарис.
Овие информации добиени главно од запленетата преписка меѓу пучистите укажува дека тие следеле каде се движи Ердоган и биле добро организирани. Самиот Ердоган во саботата изјави дека тие ги напаѓале местата кои тој ќе ги напуштел, мислејќи дека уште е таму.
Турскиот претседател се враќал во Истанбул од годишен одмор во близина на крајбрежното туристичко место Мармарис во моментите кога дел од војската го започна обидот за државен удар ноќта кон саботата блокирајќи ги мостовите преку Босфор во Истанбул, обидувајќи се да го заземат главниот истанбулска аеродром „Ататурк“ и испраќајќи тенкови на парламентот во Анкара.
Три високи функционери во Анкара изјавија дека Акин Озтурк, командантот на воздухопловните сили до 2015 година и член на Високиот воен совет (YAS), тело кое ги контролира турските вооружени сили, бил еден од организаторите и идеолог на заговорот. Тој е меѓу илјадниците припадници на вооружените сили кои се уапсени, вклучително и командантот на една од најзначајните воздухопловни бази „Инџирлик“ Бекир Ерџан Ван и главниот советник на Ердоган за воени прашања, Али Јазиџи.
Озтурк, роден 1952 година, требало да биде пензиониран на 30-ти август на состанокот на YAS, кој се состанува двапати годишно. Меѓутоа, се појавија информации дека тој наводно дознал дека бил истражуван поради можни врски со луѓето на проповедникот Фетулах Ѓулен кој живее во САД, обвинет од владата за создавање паралелни структури во правосудството, образованието, полицијата и армијата, како и за сегашниот обид за пуч, што тој го негира.
Како втор по важност меѓу организаторите на неуспешниот преврат се смета Мухарем Косе, поранешен правен советник на началникот на Генералштабот, соопштиле тројца високи функционери од Анкара. Тие го опишале Косе како следбеник на Ѓулен. Косе беше отстранет од должноста во март под обвинение за лошо постапување, но не отстранет од армијата. Во моментов турските власти немаат информации каде тој се наоѓа.
„Постоеле сериозни подготовки кои се одвивале многу долго време. Овие две лица изгледа биле мозокот кој стоел зад обидот за пуч“, изјавил функционер кој барал да остане анонимен бидејќи истрагата уште трае./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции од ЕУ
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош.
Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто лица кои добиле субвенции од ЕУ со лажни документи.
Стотици земјоделци од целата земја протестираат со трактори пред Министерството за аграрен развој. Главната иницијатива е од сточарите од островот Крит, кои пристигнаа специјално за демонстрациите во грчката престолнина. Во Александрополис, тие го блокираа аеродромот за да го спречат премиерот Мицотакис да го посети регионот. Во Солун, десетици трактори го запреа сообраќајот на патот кон Халкидики. Друга голема група е пред Министерството за Северна Грција. Во Лариса, сообраќајот на автопатот е исто така блокиран.
Денешните протести се само предупредување, велат земјоделците. Земјоделскиот сектор покажува подготвеност за активни протестни акции. Пратениците од опозицијата и лидерите на партиите се придружија на демонстрациите во Атина.
Регион
Поплавени куќи, затворени училишта: поројните дождови предизвикаа колапс на грчкиот остров Лезбос
Ноќните поројни дождови на грчкиот остров Лезбос ги поплавија куќите и другите објекти на западниот дел од егејскиот остров и ги принудија локалните власти да затворат неколку училишта за инспекции и поправки, објави „Екатимерини“.
Најтешко погодени беа областите Калони и Скала, а жителите ја опишаа количината вода што падна на островот како невидена.
Одлуката за затворање сите училишта во западен Лезбос беше донесена како превентивна мерка поради интензивните и продолжени поројни дождови, кои зафатија значителен дел од островот предизвикувајќи прекини во сообраќајот и зголемувајќи го ризикот од патување за учениците и наставниците, наведоа локалните власти во соопштението.
Тие исто така им советуваа на жителите да се воздржат од непотребни патувања додека не се изврши целосна процена на штетите на патот.
Фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.
Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.
„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.
По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.
Фото: ЕПА

