Скопје
Град Скопје се збратими со Тирана

Спогодба за соработка меѓу градовите Скопје и Тирана, со што двата града официјално се збратимија, потпишаа во петок Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Градот Тирана, Ерион Велиај.
Трајановски и Велиај го потенцираа значењето на соработката на културните, научните и образовните институции; градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области коишто се од значење и во интерес на двата града; ќе разменуваат искуства и примери на добри практики поврзани со европската интеграција, ќе разменуваат информации за проекти и ќе соработуваат во реализацијата на проектите од заеднички интерес.Градоначалникот на Град Тирана, Велиај, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.Соработката на Градот Скопје и Градот Тирана датира од 1996 година. Оттогаш се реализирани неколку возвратни посети, а особено е интензивна соработката на полето на културата, уметноста, образованието и спортот.Градот Скопје е збратимен со вкупно 19 градови, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)