Регион
WikiLeaks подготвува документи за структурата на политичката власт во Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/1058495811.jpg)
Порталот WikiLeaks, познат по објавување доверливи документи за политиките на многу земји, планира да објави повеќе од 100.000 документи во врска со структурата на политичката власт во Турција, каде на почетокот на изминатиот викенд имаше обид за државен удар.
„Најава: Бидете подготвени за борба, во периодот кога ќе објавиме повеќе од 100 илјади документи за структурата на политичката власт во Турција“, се наведува во објавата на официјалниот акаунт на WikiLeaks на Twitter. Се нагласува дека објавувањето ќе се случи „наскоро“.
Ноќта кон саботата турските власти објавија дека е направен обид за воен преврат во земјата, а од своја страна побунетата фракција во турската армија објави дека ја преземала власта во свои раце. Веќе утрото откако мноштво народ излезе на улиците на Истанбул и Анкара протестирајќи против воениот пуч, војниците пучисти почнаа да се предаваат. Набрзо владата објави дека обидот за преврат доживеал неуспех.
Турските власти веќе уапсија повеќе од шест илјади луѓе, меѓу нив голем број високи и офицери од среден ранг, но и стотици судии и обвинители. Во обидот за преврат загинаа на двете страни 290 луѓе, а ранети се над 1.400. Владата во Анкара за бунтот го обвини исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во егзил во САД, но тој негира дека сто зад обидот за пуч./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Обвинителството во БиХ: Мајката и детето, најверојатно, се убиени со задушување, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на самото место во семеен стан во Калесија, каде што во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментно е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени со задушување. Денеска, ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејства, кои по наредба на Обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Регион
Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/a4f595d9-40c9-4dd3-af1d-302770756963.jpg)
Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти Babe Rich, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е „Рич компани“ ДОО од Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.