Скопје
Десет дена ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек во Бутел

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од петок, во следните десет дена, ќе биде затворен за сообраќајот кружниот тек на улицата Боца Иванова во Бутел.
Сообраќајот ќе биде целосно стопиран од 11.12.2015 година, во 08.30 часот наутро и сиот превоз ќе биде пренасочен во наредните 10 дена по улицата Цетинска и подвозникот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, 8 и 61, исто така ќе се пренасочат во посочениот период, по улицата Цетинска и подвозникот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата Боца Иванова се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата Александар Урдаревски, поради што градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa времено воведениот сообраќаен режим и воедно се заблагодарува за разбирањето при реализацијата на овој голем инфраструктурен проект од големо значење за целиот реон./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добија фотоволтаици

Со денешното ставање во функција на фотоволтаичниот систем во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Кисела Вода стана општина во која сите основни училишта располагаат со сопствени фотоволтаични системи.
Проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина“ се реализира преку Програмата за развој на планските региони. Инвеститор е Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Кофинансирањето за вкупно осум училишта, од кои седум се од општина Кисела Вода и едно од општина Зелениково, го обезбедува Општина Кисела Вода, велат од таму.
„Со овој проект постигнуваме значителни заштеди, но покрај финасиската ефикасност, ова е и дополнителна инвестиција во подигнување на еколошка свест. На нашите ученици им овозможуваме да растат со конкретни примери на грижа за животната средина. Наместо само да им зборуваме за екологија, им покажуваме што значи одговорност. Со проектот беше извршено проектирање и инсталација на мрежни он-грид фотоволтаични системи до 20 kW во сите основни училишта. Вкупната инсталирана моќност изнесува 140 kWh, а се очекува годишна заштеда од 160 MWh, што е намалување на потрошувачката за 70% до 80% по училиште и претставува 18% од вкупната потрошувачка на општината. Во време на економски и енергетски предизвици, вложуваме паметно, создавајќи училишта кои произведуваат зелена енергија, заштедуваат средства и образуваат генерации кои ќе бидат свесни за важноста на екологијата. Благодарност до Владата, Министерството, Бирото и Скопскиот плански регион за визијата и поддршката Сметам дека оваа стратегија треба да се прошири и во сите основни, но и во сте средни училишта на ниво на град Скопје, затоа што е пример како со мали вложувања можат да се постигнат големи и одржливи резултати, и за буџетот и за иднината на децата“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10.096.691 денари, или 1.009.669 денари по училиште, извести Општината.
Македонија
Бесплатни училишни ранци и прибор за 𝟦𝟥𝟢 првачиња од општина Ѓорче Петров

Градоначалникот Александар Стојкоски и општина Ѓорче Петров и во 2025 година продолжуваат со традицијата на обезбедување бесплатни училишни ранци и училишен прибор за сите 430 првачиња на територијата на општината. Оваа иницијатива има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина, велат од Општината
Денеска, во кабинетот на градоначалникот, дечињата кои ја завршија градинката „Росица“ заедно со градоначалникот ги избраа своите нови училишни ранци, кои ќе ги користат од септември.
Покрај тоа, Општината и оваа година ќе обезбеди бесплатна ужинка за секое дете од прво одделение, со цел да се промовираат здрави навики и правилна исхрана, известуваат од таму.
„Грижата за децата е наша најголема обврска и посветеност. Со овие проекти создаваме услови за еднаков почеток, охрабрување и сигурност во нивниот образовен пат“, истакна градоначалникот Стојкоски.
Македонија
Минатата недела санкционирани 110 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 07.07. до 13.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 110 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопшти ПОЦ.