Контакт

Естрада

Болната од рак Шaнeн Доерти ја тужи компанијата која не ѝ плаќала осигурување

Објавено пред

Американската актерка Шaнeн Доерти ја тужи компанијата „Tanner Mainstain“ којашто своевремено не го продолжила здравственото осигурување за неа, поради што лекарите премногу доцна ѝ го дијагностицирале ракот на дојката, пишува Hollywood Reporter.

dobivaj vesti na viber

„Во 2013 година Screen Actors Guild (SAG) (синдикатот на филмските работници кој застапува повеќе до 120.000 актери во САД – з.м.) му доставил на ‘Tanner Mainstain’ барање за исплата на здравственото осигурување за 2014 година. Сепак, тужената страна го игнорирала ова барање и не ја извршила уплатата, по што во итна постапка ја прекинала соработката со Доерти“, ја цитира порталот тужбата на актерката поднесена до Врховниот суд во Лос Анџелес.

Новото здравствено осигурување за Шaнeн Доерти, синдикатот го добил дури во 2015 година, кога лекарите веќе ѝ ја поставиле дијагнозата.

„На тужителот му беше кажано дека доколку таа била осигурена и можела навремено да се јави на преглед кај своите лекари, веројатно ракот би можел да се спречи без спроведување на третманите за лекување (вклучувајќи мастектомија и хемотерапија), коишто ѝ се сега неопходни во овие услови“, се додава во тужбата.

Компанијата „Tanner Mainstain“ од своја страна, пак, ги негира обвинувањата од Доерти и соопшти дека „цврсто ќе ја брани својата позиција пред судот“.

Четириесет и четиригодишната Шaнeн Доерти, стана светски позната по улогата на тинејџерката Бренда Волш во телевизиската серија „Беверли Хилс, 90210“ и по ролјата на Пру Халивел во ТВ серијата „Волшебнички“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија30 минути

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во...

Македонија34 минути

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ1 час

Уапсено лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г.С. од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025...

Македонија2 часа

Насилен упад во студиото на Инфомакс, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ2 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа4 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион4 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија, Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја, никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет5 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет5 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија17 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет17 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија18 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ19 часа

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ20 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија20 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија22 часа

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија24 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...