Регион
Хашкиот обвинет Горан Хаџиќ починал во Нови Сад

Обвинетиот пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, Горан Хаџиќ, кој поради здравствени причини беше пуштен на привремена слободата во април 2015 година, починал во вторникот вечерта во Нови Сад.
Горан Хаџиќ починал на приемното одделение на службата за Итна помош околу 20 часот, на 58 години, потврдиле за агенцијата Бета од Српската радикална партија (СРС) во Белград.
Поради тумор на мозокот, Хаџиќ во април 2015-та беше пуштен на привремена слобода поради лекување, а неговиот адвокат Зоран Живановиќ во април годинава потврди дека судењето пред Хашкиот трибунал е прекинато „на неодредено време, и оттогаш Хаџиќ со семејството живееше во Нови Сад.
Белградските медиуми тогаш пишуваа, повикувајќи се на изјава на адвокатот Живановиќ за јавната телевизија на Република Српска во Бања Лука, дека одбраната на Хаџиќ се жалела пред Трибуналот на одлуката да не му се дозволува да се сретне со неколку блиски пријатели, кои биле планирани како сведоци на одбраната, а некои од нив веќе сведочеле и го завршиле своето учество во процесот воден против него во Хаг.
Судењето на Хаџиќ беше прекинато во октомври 2014 година откако му се слоши во притворското одделение. Хашкиот суд Хаџиќ го товареше за прогон на Хрватите, за истребување, убиства, незаконски притворања, мачења и нечовечко постапување, депортација и присилно преселување во периодот од 1991 до 1993 година,во источна Славонија и Книнска краина.
Судењето започна 2012 година, откако беше уапсен по седум години криење.
Трибуналот го ослободи Хаџиќ на недоредено време без дополнителни услови, освен што неговиот лекар беше обврзан на судот редовно да му доставува извештаи за неговата здравствена состојба./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишно девојче се лизнало од жичара во Словенија: паднало од висина од пет метри

Несреќа се случила во словенскиот ски-центар Копе, кога петгодишно девојче од Хрватска се лизнало од жичара и паднало од висина од околу пет метри.
Таа била тешко повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Нејзиниот живот не е во опасност, пренесува „24 часа“.
Девојчето се возело на жичара со уште две деца и едно возрасно лице кое ја придружувало. Додека се возела се лизнала под заштитната шина и паднала од висина од околу пет метри.
Полицијата прибира информации во врска со одговорноста на возрасното лице кое го ставило девојчето на жичницата, а се работи за сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Девојчето било дел од група деца кои го посетиле ски-центарот Копе организиран од спортски клуб.
Регион
(Видео) Вучиќ на тренинг во парк со Вучевиќ и Мали: „Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео каде тренира во паркот заедно со премиерот Милош Вучевиќ и министерот за финансии Синиша Мали.
„Милош Вучевиќ, Синиша Мали и јас дојдовме да тренираме. Пропаднавме целосно, освен Синиша. Овде во паркот, милина една, се правиме дека не ни е ладно и се правиме дека работиме некој сериозен тренинг. Ми требаа пет минути да сфатам како функционира ова, сè ме боли. Нешто како веслање, не можам да одам до крај. Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат. Па, сега можам да кажам дека работевме и сме подготвени за пливање и веслање. Во веслањето е спасот, нема предавање. Па, сега да јадеме плескавица. Доста е“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Тешка несреќа: воз налетал на автомобил во Србија

Во вечерните часови кај Лазаревац се случи тешка сообраќајна несреќа кога патнички автомобил, кој поминувал на железнички премин, налетал на воз.
„Според првите информации, состојбата на луѓето во автомобилот се уште не е позната“, изјавиле очевидци за агенцијата РИНА.
Оттаму наведуваат дека судирот бил силен, а припадници на сообраќајната полиција во моментов се на терен и вршат увид.
Подоцна ќе бидат утврдени сите околности на несреќата, а наскоро се очекуваат повеќе информации, пренесуваат српските медиуми.