Компании
Телеком го усвои годишниот извештај и донесе одлука за исплата на дивиденда
Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје на својата годишна седница, одржана на ден 12.04.2016 година ги усвои годишната сметка, ревидираните финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2015 година.
Собранието, на седницата усвои Oдлука за распоредување на нето добивката, остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2015 година, подготвени во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија, во износ од 1.474.683.110,00 денари за исплата на бруто дивиденда. Собранието на седницата ја усвои и Oдлуката за исплата на дивиденда за 2015 година во вкупен бруто износ од 1.474.683.110,00 денари, односно бруто износ од 17,09 денари по акција (заокружено на две децимали). Македонски Телеком од бруто износот на дивиденда, каде што е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата. Право на дивиденда за 2015 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на ден 06.05.2016 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 03.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 04.05.2016 година. Исплатата на дивидендата за 2015 година ќе се изврши до 30.09.2016 година.Македонски Телеком АД – Скопје ќе ги информира акционерите за исплатата на дивидендата со објава на веб-страницата на Друштвото, како и со известување преку Македонската берза за хартии од вредност, по усвојувањето на Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2015 година и утврдување на дивиденден календар од страна на Собранието.На седницата, Собранието донесе Одлука за распределување на задолжителната општа резерва во износ од 279.145.260,00 денари, кој ја надминува законски задолжителната општа резерва на Друштвото заради присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком АД – Скопје, во акумулирана добивка на Друштвото.Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2015 година, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија на Друштвото за 2015 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

