Контакт

Естрада

Излегува новиот албум на Жан-Мишел Жар

Објавено пред

Првиот од двата дела на новиот албум на францускиот музичар Жан-Мишел Жар под наслов „Electronica“ остварен во соработка со други 15 уметници, ќе се појави на 16-ти октомври, соопшти неговата дискографска куќа „Sony Music“.

dobivaj vesti na viber

„Мојот нов албум ‘Electronica’ е проект кој почива на идејата за собирање на уметниците, музичарите поврзани директно или индиректно со електронската сцена опфаќајќи четири децении, всушност од времето кога започнав да создавам електронска музика“, вели Жан-Мишел Жар.

„Денес електронската музика е насекаде присутна, нема повеќе бариери меѓу жанровите“, додава овој сега 67-годишен француски музичар.

Насловен како „The Time Machine, првиот дел од албумот вклучува 15 други уметници, повеќето поникнати од електронската музика. Инаку „Electronica“ е проект во два дела кој собира вкупно 30 соработници. Појавувањето на вториот дел е предвидено за пролетта 2016 година.

„’Electronica’ е родена од желбата да соработувам со некои уметници. Се изненадив од тоа што сите ја прифатија мојата покана“, истакнува Жан-Мишел Жар.

На 16-те нумери од првиот дел гостуваат музичари и состави како Винс Кларк, Пит Таузенд, Лори Андерсон, Џон Карпентер, Масив атак, Армин ван Барен …/крај/мф/сн

Извор: AFP

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија5 часа

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија5 часа

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет6 часа

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија7 часа

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион8 часа

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија8 часа

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...

Свет9 часа

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше...

Свет9 часа

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за...

Македонија22 часа

Судиите мора да судат според законот а не според партиски влијанија, време е за ресет на системот, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат...

Економија1 ден

Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи...

Македонија1 ден

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични...

Македонија1 ден

(Видео) „Избери време и место, избери и новинари, донеси и публика, излези да се соочиме, јас ќе дојдам сам“, му порача Максим Димитриевски на Филипче

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава на лидерот на опозицијата Венко...

Македонија1 ден

(Фото) Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на Ново Село

Поднесена кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари....

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски ја вети подземната кај „Лимак“ што ја ветуваа и Арсовска, Шилегов и Трајановски: Ќе ја смени сообраќајната иднина на градот

Проектот за подземната сообраќајница кај„Лимак“ не е само дел од мојата програма туку е вистински пресврт за централното градско подрачје,...

Македонија1 ден

М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори’“

Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20...

Македонија1 ден

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува...

Топ1 ден

Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите...