Скопје
Општина Центар и Париз договориле долгорочна соработка
Конкретна долгорочна соработка на Париз и општина Центар на техничко и експертско ниво договориле градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски.
На средбата во просториите на општина Париз, биле разменети мислења околу актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Париз и Скопје, особено во сферата на заштитата на човековата околина.
Домаќинот го запозна Жерновски со визијата “Париз 2020”, каде се набележани проекциите на главниот град на Франција во доменот на зголемување на зеленилото, како и на учеството на јавниот превоз и велосипедите во сообраќајот.
Заменик-градоначалникот на Париз, како што информират од Општина Центар, ги поздрави проектите “Цел Центар на точак” и “Зона 30”, напоменувајќи дека тие се битни во однос на зачувување на човековата околина и безбедноста на граѓаните во општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тревникот до „Капитол мол“ се ослободува, им се враќа на граѓаните со ново игралиште, велат од општина Аеродром
Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани.

„Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена.
Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење“, извести општина Аеродром.

По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.

„Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење – токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром“, додаваат од Општината.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

