Регион
Истанбулската полиција доби наредба да соборува хеликоптери без предупредување

Началникот на безбедносните сили на турскиот мегалополис Истанбул издал наредба да се соборуваат хеликоптери, а во градот во текот на ноќта кон понеделникот се распоредени дополнителни 1.800 припадници на специјалната полицијата, објави агенцијата Anadolu.
Специјалните сили се распоредени во Истанбул од соседните покраини и се стационирани околу стратешки најважните објекти и улици на градот. Во Истанбул во текот на ноќта, исто така, се распоредуваат и воена техника и опрема.
На улиците на Истанбул патролираат засилени полициски единици, јавуваат медиумите.
Според изворот на агенцијата, началникот на истанбулската полиција дал наредба без предупредување да се соборуваат сите хеликоптери кои ќе се кренат во воздух без одобрение.
Не е познато дали овој потег на безбедносните служби е поврзан со информацијата од неделата во турските медиумите, дека воените власти немаат контрола над најмалку 42 борбени хеликоптери кои ноќта кон саботата ги користеле заговорниците на неуспешниот обид за воен преврат, што предизвика шпекулации и загриженост за можна подготовка на нов воен удар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.