Црна хроника
Двајца мажи пронајдени починати во неготинско и кичевско

Двајца мажи биле најдени починати последните два дена во неготинско и кичевско, а според првичните информации, и двајцата починале од природна смрт.
Шеесет и едногодишен маж од Демир Капија во понеделникот во 21 часот бил најден починат кај местото Балдовец подрачје Барово, Неготино. Екипа од Полициската станица Кавадарци, заедно со дежурен лекар од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци излегле на лице место при што не се констатирани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина Скопје за обдукција.Кичевец кој на 4-ти јули бил пријавен за исчезнат бил пронајден мртов во вторникот кај местото Стредорек во атар на село Белица, кичевско. На телото биле видливи мали повреди во вид на гребаници на лицето и нозете. Обдуцијата треба да покаже како настанала смртта./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.